×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Битката за квалитетно новинарство и медиумска слобода не е завршена, порачуваат новинарските здруженија

    03.05.2022 17:39 | Сузана Николиќ

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и Медиумските работници (ССНМ) денеска, на 3-ти мај на Меѓународниот ден на слободата на медиумите го организираа завршниот настан под мотото „Безбедни новинари и медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“.

    Битката за квалитетно новинарство и медиумска слобода не е завршена, порачуваат новинарските здруженија

    Целта на овој настан е да се испрати порака и да се подигне свеста за неопходноста од подобрување на безбедноста и социо-економското опкружување за новинарите и медиумските работници, како начин да се унапреди слободата на изразување како основно човеково право и зајакнување на улогата на медиумските организации во процесот на креирање политики.

    Воведното обраќање го имаше претседателот Стево Пендаровски, кој воедно беше и домаќин на настанот.

    „Безбедноста на новинарите е заедничка обврска на сите нас, но, пред се, на државните институции и политичките фактори, инаку, тоа не ни треба само како политичка флоскула. Сите државни институции се должни да овозможат непречен пристап до сите информации за нивната работа, за да можат новинарите квалитетно да ги информираат граѓаните. Безбедносните и правосудните органи треба навремено и неселективно да постапуваат во случаите кога се загрозува безбедноста на новинарите“, рече Пендаровски.

    Новиот извештај на Репортери без граници во кој се забележува скок во однос на слободата на медиумите во земјата не треба да значи дека битката за квалитетно новинарство и слобода е завршена.

    Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски истакна дека кога станува збор за безбедноста на новинарите и слободата на говорот во нашата земја релативната слобода во која сега живееме не смее да не залажува.

    „Без системски решенија што ќе гарантираат квалитетна медиумска содржина и независност на уредувачката и новинарската работа, цело време ќе се вртиме во круг. Време е за суштински промени кои ќе гарантираат слобода на работењето, затоа што слободата на говорот, на мислата, тешко се стекнува, мачно се заработува, но искуството ни вели дека многу лесно може да се изгуби. Да не го дозволиме тоа.“, истакна Чадиковски.

    Зголемувањето на економските стандарди на новинарите е важно бидејќи на тој начин тие ќе бидат поотпорни на притисок и ќе бидат помотивирани да продуцираат квалитетна содржина што му служи на јавниот интерес. Затоа е потребно е да се поддржи дебатата за креирање на национален независен фонд, но не за поддршка на медиумите, туку за поддршка на професионалното новинарство и за квалитетната медиумска содржина која ќе го промовира јавниот интерес.

    Владините кампањи пак платени со пари од граѓаните претставуваат ризик дополнително да го нарушат кревкиот медиумски пазар а тоа да се одрази негативно на слободата на медиумите и да се занемари јавниот интерес во медиумските известувања, беше истакнато на панелот.