×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се бришат каматите на долговите на граѓаните кон јавните претпријатија, УЈП и општините, со новите економски мерки на Владата

    16.02.2021 15:59 | KumanovoNews

     Во новиот пакет економски мерки на Владата, коишто беа презентирани денеска, се предвидува бришење на камати на граѓаните кон јавните институции и претпријатија.

    Ќе се бришат каматите на долговите на граѓаните кон јавните претпријатија, УЈП и општините, со новите економски мерки на Владата

    Со оваа мерка со законски измени ќе се нареди на јавните комунални претпријатија, јавните претпријатија и УЈП, како и на општините и на сите други институции од јавните дејности да ги простат и избришат долговите на граѓаните по основ на камати во висина од 100 отсто.

    „Тоа се однесува за сите физички лица во нашата земја. Главнината која ја должат повеќе од три месеци по основ на испорачани комунални и други јавни услуги, даноци и данок на имот, ќе може да се репрограмира за плаќање во период од 12 месеци“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната презенатација на мерките.

    Реализацијата на мерката за репрограмирање ќе се направи преку објава на Јавен повик во траење од 5 месеци во рамки на кои граѓаните ќе побараат репрограмирање на долговите.

    „Мерката не се однесува на долгови кон ЕВН, БЕГ и други приватни претпријатија кои даваат јавни услуги, како и на правните лица кои се корисници на ваквите услуги или даночни обврзници. Но сакам да ја искористам приликата отворено и јавно да ги замолам и приватните компании да се вклучат во оваа мерка, затоа што се свесни дека голем број на граѓани тешко ги плаќаат заостанатите долгови. Не сакам да ги обесхрабрам граѓаните кои редовни плаќаат, сепак ова е чин на солидарност, главниот долг останува за се плати, ќе бидат избришани каматите. Сите треба да ги плаќаме јавните давачки, а за најсиромашните државата излегува пресрет со бришење на каматите, - додаде Заев.

    (С.Н.)