×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска почнува скрининг-тестирање за ковид-19 за проценка на имунитетот на населението

    14.02.2022 07:28 | Сузана Николиќ

    Од денеска почнува скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на ковид-19 има населението во земјава за да ѝ помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки.

    Денеска почнува скрининг-тестирање за ковид-19 за проценка на имунитетот на населението

    Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.

    „Оваа анализа ќе ни покаже реално колку сме имунизирани. Имаме евиденција колку сме вакцинирани, колку се со една, две, три вакцини, со какви вакцини. Но, знаејќи дека особено сојот омикрон поминува со полесна клиничка форма, голем број од нашето население не отишле за ПЦР-тест или сами го поминале омикронот во домашни услови“, изјави министерот за здравство Беким Сали, кој најави серолошка анализа на целата територија на државата.