×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исплатата на мартовските пензии почнува на 29 март

    23.03.2021 22:01 | KumanovoNews

    Етапната исплата на мартовските пензии почнува од 29 март.

    Исплатата на мартовските пензии почнува на 29 март

     Владата на вечерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.03.2021 година, на кои им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2021 година.

    Банките готовинската исплата на пензии да ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

    - За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2021 година (понеделник);

    - За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2021 година (вторник);

    - За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2021 година (среда); и

    - За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2021 година (четврток).