×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изводите ќе се вадат електронски, нема повеќе непотребни чекања на шалтери, најави Николовски

    02.03.2021 22:07 | KumanovoNews

    Со целосно дигитализирање на трите книги што ги води Управата за водење на матичните книги, граѓаните ќе можат електронски не само да аплицираат, туку на истиот начин и да ги добијат изводите, најави заменик-претседателот на Владата, Љупчо Николовски.

    Изводите ќе се вадат електронски, нема повеќе непотребни чекања на шалтери, најави Николовски

    „Нема повеќе непотребни чекања на шалтери за вадење на изводи од матичните книги. Дополнително, за да се подобрат услугите за граѓаните и фирмите, во полна функција се става Централниот регистар на население, каде што на едно место веќе ги има сите податоци за граѓаните кои се содржани во личните карти, пасошите, државјанството и од книгите на Управата. Затоа денеска Управата е задолжена за интегрирање на сите овие податоци и регистри. На овој начин ќе се укине процедурата за вадење на различни документи и изводи за било која постапка што му е потребна на граѓанинот. Институциите ќе имаа каде да проверат  и да ги добијат информациите  што им требаат, наместо граѓаните и фирмите секој пат од ново да вадат нов документ. Конкретно ќе се бара само извод од Централен регистар на население, наместо сегашните копии од лична карта, пасош, државјанство, изводи од матична книга на родени итн.“, посочи вицепремиерот Николовски.