×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Комората на сметководители бара едноставни постапки за економските мерки за поддршка во стопанството

    23.02.2021 14:14 | KumanovoNews

     Процедурите за имплементација на економските мерки за поддршка на стопанството, содржани во петтиот пакет, е неопходно да се едноставни и да не претставуваат дополнително оптоварување за правните субјекти, со што потенцијално се ризикува наместо заздравување на економијата да се предизвика нарушување на и така кревката ликвидност на деловните субјекти и да се одрази на дополнителна загуба на работни места, апелираат од Комората на сметководители.

    Комората на сметководители бара едноставни постапки за економските мерки за поддршка во стопанството

    „Во мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените, како основа за пресметка се земаат месеците ноември и декември 2020 година и јануари 2021 година, кои се споредуваат со истиот период од 2019 и 2020 година. За да ја спроведеме оваа мерка во пракса, целокупната документација треба да биде предадена од деловните субјекти и да биде обработена, сметководствено евидентирана, анализирана и споредена со пропишаниот период. Останува нејасно зошто за споредба се зема и јануари 2021 година, во услови кога поради пандемијата имаме сериозни потешкотии квалитетно и навремено да ги обработиме дури и податоците за 2020 година“, изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители.

    Оттаму предупредуваат и за последиците од игнорирањето од страна на институциите, а особено на Министерството за финансии, на барањето за продолжување на роковите за поднесување на финансиски извештаи и завршни сметки. Според нив, сметководителите се ставени во состојба на неизвесност, под притисок на рокови, кои се недостижни сред пандемија и се ризикуваат бројни грешки кои можат да бидат штетни по деловните субјекти на долг рок.

    Комората на сметководители потсетува дека, во споредба со Европа, во нашата земја има најкратки рокови за поднесување на годишните сметки. „Сметководството е единствената врска меѓу државата и стопанството, а ограничувачките услови во иднина можат да доведат до сериозни потешкотии во извршување на сите економски процеси во државата“, наведуваат од Комората на сметководители.