×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Ковачевски го отфрли францускиот предлог

    23.06.2022 17:06 | KumanovoNews

    Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека францускиот предлог за одблокирање на македонските интеграции е неприфатлив за нас во сегашната форма, но остава простор ако се постигне разбирање за нашите позиции, разговорите да продолжат со цел пристапните преговори со ЕУ да почнат месецов.

    Ковачевски го отфрли францускиот предлог

    „Моменталниот француски предлог не е прифатлив за Владата, ниту за претседателот на државата,  за коалиционите партнери и за граѓаните на Република Северна Македонија. Доколку во текот на француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции ние сме подготвени да се вклучиме во разговори за истите за да се започнат преговори во јуни. Сакам да ја искористам оваа прилика и да порачам дека граѓаните на Северна Македонија може да се спокојни. Ние секогаш ги имаме во прв план стратешките интереси и цели на државата. Никој не може без наша согласност да наметне какво било решение. Ние направивме сѐ, сега ЕУ е на потег“, кажа Ковачевски.

    Ковачевски рече дека сите 27 земји се приклучиле на Унијата гордо со сите различности и со целосна почит за своите и за туѓите лингвистички и историски различности и дека ништо од тоа не било проблематизирано на европскиот пат.

    „Тоа е она што и ние го посакуваме ништо повеќе, ништо помалку. Почит за лингвистичкиот, културниот, етничкиот и историскиот идентитет на мојот народ. Да се приклучиме на Унијата гордо, заедно со сите членови на ЕУ, заедно со сите народи на ЕУ и исполнувајќи ги сите критериуми за членство“, кажа Ковачевски.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk