×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ковачевски ја разбира недовербата на граѓаните за изградбата на пругата кон Бугарија, но вети дека ќе го заврши проектот

    29.10.2022 21:50 | Сузана Николиќ

    На почетокот на изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8 низ Македонија – делница Куманово - Бељаковце – Крива Паланка, во кумановското село Шупљи Камен, денеска премиерот Димитар Ковачевски кажа дека е свесен за скептицизмот кај граѓаните дека некогаш ќе се изгради пругата до Бугарија, но вети дека ќе ги удвои напорите и ќе го сработи проектот заедно со соседите и со ЕУ. Тоа ќе значи модерна европска железничка инфраструктура во Македонија, но и забрзан регионален и економски развој.

     

    Ковачевски ја разбира недовербата на граѓаните за изградбата на пругата кон Бугарија, но вети дека ќе го заврши проектот

    „Вчера следејќи ги вестите на медиумите, многу од нив кога известуваа за денешниот настан неизбежно беше да предочат дека веќе 30 години или поточно 28 години овој проект стои во место. Возот до Софија тргна во 1994, и тоа е така. Пругата наречена надеж, така ја карактеризираат медиумите и тоа е сосема прецизна формулација. Свесен сум дека постои скептицизам, јас сум еден од оние кои практично пораснаа со проектот „железница кон Бугарија“. И знам зошто постои тој скептицизам, таа недоверба дека некогаш и ќе се случи ова. Системот ни е таков и тоа на многу места, јасен ми е сентиментот на граѓаните. И за да можеме да го поправиме, треба сето ова најпрво да си го признаеме, а потоа да се зафатиме со работа. Или во текот на овие изминати 30 години не сме имале знаење, или немало доволна посветеност или имало премногу корупција. Или сите 3 работи заедно. Затоа, тука, пред вас, одговорно тврдам дека единствената опција која ја имаме е да ги удвоиме напорите и да го сработиме сето ова со нашите пријатели, со нашите соседи и со ЕУ“, кажа Ковачевски.