×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нe чека најтешката зима по Втората светска војна, прогнозира премиерот

    19.05.2022 14:57 | KumanovoNews | Преземено од: mkd.mk

    „Нѐ чека најтешката зима по Втората светска војна. Ние во моментов правиме сé за да обезбедиме непречено снабдување со електрична енергија и за да ги обезбедиме сите суровини за производство на електрична енергија. Тоа го прават и сите држави од соседството што значи дека едно такво масовно купување суровини за производство на електрична енергија сигурно ќе влијае на раст на цените“, оцени премиерот Димитар Ковачевски.

    Нe чека најтешката зима по Втората светска војна, прогнозира премиерот Фото: Влада на РСМ

    За тоа како ќе се помине зимата Ковачевски вели дека тоа ќе зависи многу и од развојот на настаните во Украина.

    „Ако продолжат воените дејства, тогаш веројатно негативните ефекти од таа војна ќе бидат уште посилни и за Европа и за нашиот регион во целост. Ова ќе биде најтешка зима за нашата генерација, меѓутоа и за генерациите постари од нас“, рече Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање.

    Тој повтори дека со ребалансот се обезбедуваат средства кои треба да бидат поттикнувачки за дополнителни мерки за заштита на најранливите категории граѓани.

    „Веќе информираше ЕСМ дека е во финализација на кредит од Европската банка во износ од 100 милиони евра под многу поволни услови со каматна стапка до еден процент, преку кој ќе се обезбеди непречено функционирање на ЕСМ. Кога зборуваме за финансискиот резултат на ЕСМ тогаш јас во еден јавен настап кажав дека доколку не се донесеше одлука на Владата за да се субвенционира цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните, а ние во моментов субвенционираме 80 проценти од цената на електрична енергија што ја плаќаат граѓаните и малите потрошувачи, тогаш ЕСМ немаше да има загуба и веројатно доколку продаваше по пазарни цени коишто се огромни и којшто доколку продаваше по пазарни цени ќе предизвикаа ценовен шок за граѓаните коишто цени веројатно и немаше да можат да ги покријат, тогаш ЕСМ веројатно годината ќе ја завршеше со 200 милиони профит“, истакна Ковачевски.