Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последнава недела има детектирани се уште 5 случаи на заразени со делта сој, попознат како индиски сој, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Од вкупно осум анализирани, три од случаите на делта сојот се во Скопје, а по еден има во Куманово и во Тетово.
„За сите соеви и мутации на вирусот вакцината е единствениот спас и граѓаните мора да се свесни дека тоа е начинот на кој може да се стави крај на пандемијата“, кажа Филипче.
Досега, како што кажа, вакцинирани се околу 450 илјади граѓани, а околу 270 илјади се ревакцинирани, но тоа, вели, не е процент што може да не заштити од нов бран.
„Колективен имунитет се стекнува со вакцинирани 80 проценти, а ние сме далеку од тоа. Треба да бидат вакцинирани двојно повеќе отколку што се сега“, изјави Филипче.