Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Донесен е петтиот пакет економски мерки наменети за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството.
Новиот сет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра, од кои 91,7 милиони се директни буџетски трошења.
Мерките се распределени во 4 главни столбови:
1.Директна финансиска поддршка за компаниите со цел задржување на работните места на граѓаните во секторите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани.
2.Финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити за задржување и зголемување на бројот на работници.
3.Креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на пара-фискалните давачки и даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки
4.Поддршка за граѓаните
„Мерките вклучени во петтиот пакет ќе го заокружат процесот на директна поддршка, со што преминуваме во фаза на излез и закрепнување од економската криза предизвикана од пандемијата. Тоа значи дека доаѓаме повторно во време на стабилност и развој, состојба која со овие мерки дополнително ќе се стимулира. Со кредити со ниски каматни стапки и преку системски мерки согласно планот за раст на среден и долг рок, ќе биде поддржана економијата во целина. Очекуваме посериозни стапки на раст на БДП од вториот квартал на 2021 година„, - изјави премиерот Зоран Заев.
Првата мерка е финансиска поддршка на плати за вработените за месеците февруари и март 2021 година.
Втората мерка е бескаматни кредити за компаниите од дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватните здравствени установи и слично, преку Развојната банка на Северна Македонија.
Помош ќе има и за радијата и телевизиите, со тоа што ќе бидат ослободени од плаќање на концесијата за 2021 година.