×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Обезбедени 30 милиони евра за вработување на 15.000 граѓани

    29.03.2022 12:23 | Сузана Николиќ

    Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за оваа година изнесува 1,8 милијарди денари, или околу 30 милиони евра. 

    Обезбедени 30 милиони евра за вработување на 15.000 граѓани

    Пет милиони евра повеќе од минатата година за вработување на ранливи категории на наши граѓани, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на промоцијата на Оперативниот план за 2022 година.

    Со новиот Оперативен план со кој ќе бидат опфатени 14.685, посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработени како и на корисниците на гарантираната минимална помош. Зголемен е опфатот за најбараната мерка за самовработување, со што обезбедена е финансиска поддршка за отворање на сопствен бизнис за 2000  лица. Преку „Програмата за самовработување“ се доделуваат грантови од 5.000 евра за еден самовработен, односно 10.000 евра за двајца содружници за започнување на сопствен бизнис.

    Министерката Тренчевска информираше дека за прв пат во соработка со  канцеларијата на УНДП се имплементира мерката за поддршка за креирање на нови работни места преку „зелени инвестиции“.

    „Зелените инвестиции  опфаќаат инвестиции во процеси кои овозможуваат создавање на зелени производи или услуги, ги намалуваат или елиминираат штетните влијанија врз околината, енергетска ефикасност на објектитe и воведување на обновливи извори на енергија во согласност со Зелената агенда на Западен Балкан. За имплементација на мерката која се состои од три компоненти, финансиска поддршка, поддршка за стручни обуки и поддршка за советодавни услуги за зелени инвестиции обезбедивме 26.638.000 денари за опфат на 312 лица“, рече министерката Тренчевска.

    Во фокусот на Оперативен план, е еднаквата застапеност на мажите и жените, согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите, учество на младите лица до 29 години од најмалку 30 отсто како и лицата со попреченост кои се застапени речиси во сите мерки за вработување.

     „Со мерката практикантство го прошируваме опфатот на 1.620 невработени лица до 34 годишна возраст кај работодавачи од приватен сектор, но и граѓанските организации. Продолжуваме и со мерката „младинскиот додаток“, со кој  3.000 денари месечно ќе бидат исплаќани за 3.500 млади до 23 години, вработени во директно производство или 1.000 повеќе од лани.  А не застанавме и со проектот „Гаранција за млади“ како земја лидер во регионот која прва го имплементираше, а не е членка на ЕУ “, рече министерката Тренчевска.

    Првите јавни огласи за програмата „Самовработување“, „Вработување и раст на правни субјекти“ и „Практикантство“ ќе бидат објавени на 5 април, а останатите ќе се објавуваат етапно по однапред дефиниран распоред и план. 

    „Ги повикуваме сите невработени лица и работодавачи преку нашите триесет Центри за вработување, да аплицираат за програмите и мерките од нивен интерес, “, рече директорот на АВРСМ Мурати.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk