Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 40 илјади бесплатни картички за патарина се поделени на српските туристи, кои транзитираат низ државата кон Грција, во знак на благодарност за помошта во вакцини и бесплатната вакцинација на македонските граѓани во Србија.
Министерот за транспорт и врски на Македонија Благој Бочјарски и министерот за градежништво, инфраструктура и сообраќај на Србија Томислав Момировиќ, на граничниот премин Табановце, симболично поделија М-картички за наплата на патарини.
„Оваа заедничка активност покажува чин на благодарност кон Србија и граѓаните на Република Србија за хуманиот однос, кои во време на најголема здравствена криза несебично доделија бесплатни вакцини за нашата држава и граѓаните“, рече Бочварски.
Со одлука на Владата, оваа мерка се реализира од 15 јуни до 15 август. Досега МВР имасе доделено преку 41.000 картички.
Соработката во транспортот и инфрструктурата меѓу двете држави има за цел забрзување на регионалните проекти и економско зајакнување на целиот регион.