×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шахпаска: Пописот ќе даде реална слика за потребата од нови градинки, пензионерски домови и центри за лицата со попреченост

    25.03.2021 17:57 | KumanovoNews

    Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ја истакна важноста од пописот за Министерството за труд и социјална политика, бидејќи цели 20 години не се знае точниот број на граѓани од ранливите категории и нивните потреби.

    Шахпаска: Пописот ќе даде реална слика за потребата од нови градинки, пензионерски домови и центри за лицата со попреченост

    „Важен е бројот на пензионерите, на лицата со попреченост, на децата, за да знаеме точно каде има и колкава е потребата од пензионерски домови, дневни центри, детски градинки и воопшто потребата од социјални услуги и стручен кадар“, посочи Шахпаска.

    Таа додаде дека за да се испорачаат квалитетни политики и планови потребни се реални и објективни податоци кои ќе се добијат од статистичка операција како што е пописот.

    Министерката информирапе и дека целосно е завршен пописот на бездомните лица, кои се сместени во објектите на Министерството за труд и социјална политика.

    „Би сакала да им порачам на сите граѓани дека пописот е безбедна, елементарна, статистичка операција и неразбирливо е да се наметнува тезата дека тоа е политичко прашање за кое што власта и опозицијата треба да ги вкрстуваат копјата“, - истакна министерката Шахпаска.

    Таа посочи дека попишувачите, покрај обуките за попишување, имаат и специјални обуки за тоа како треба да се заштитат себе си и лицата кои ги попишуваат.