Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) заедно да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата, порача Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).
Синдикатот смета дека наставата од далечина не е прифатлива опција на најзасегнатите: учениците, родителите и наставниците.
Прашањето дали да се прибегне кон онлајн-настава за да се заштеди струја или да се оди на училиште со физичко присуство, се наметна општините од Полошкиот регион побараа поради енергетската криза зимскиот распуст да се продолжи и да трае два месеца или да се организира онлајн-настава.
Од Владата, пак, порачаа дека во интерес на учениците е да посетуваат настава со физичко присуство.