Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Mинистерот за здравство Венко Филипче најави дека вакцината на „Астра Зенека“ нема да се дава на лицата помлади од 60 години, откако Канада и Германија ја суспендираа употребата на оваа вакцина.
„Денеска има нови ставови во Канада и Германија кои укажуваат дека таа вакцина нема да се дава на лицата под 60 години. После тоа ние разговаравме и заземавме став, а утре тоа и ќе го официјализираме. Почнуваме со постарата група на граѓани кај кои вакви несакани ефекти со тромбоза не се јавиле. Ќе почекаме и ќе испратиме писмо до Европската агенција за лекови (ЕМА) да ни одговорат дали и каков став ќе заземат во однос на оваа вакцина. Ќе ги примениме препораките на овие две земји додека не се потврди поинаку. По извештаите на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со „АстраЗенека“ лица кои се помлади од 60 години. Ние секако утре почнуваме со вакцинација на повозрасни граѓани, на возраст на 77 години“, рече Филипче во емисија на ТВ21.
Денеска, во земјава започнува имунизацијата против ковид-19 со вакцината „АстраЗенека“, за граѓаните постари од 77 години.