Ротари клуб Куманово донираше инвалидски колички во Домот за стари лица „Зафир Сајто“
Домот за стари лица „Зафир Сајто“ денеска доби нови инвалидски колички, донација од Ротари клуб Куманово.
Претседателот на клубот, Оливер Темелковски, објасни дека нивната грижа за заедницата се однесува и кон старите и немоќни лица.
„Имаме сознание дека околу 40-тина штитеници на домот за стари лица „Зафир Сајто“ се неподвижни, па се надеваме дека оваа донација ќе го подобри квалитетот на животот на тие луѓе“, рече Темелковски.
Директорот на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, Александар Крстевски, се заблагодари на донацијата која содржи 15 колички, при што истакна дека секоја помош е добре дојдена за нив.
„Оваа донација можеби финансиски не е толку голема, колку што е потребна на нашите корисници. Ова е една од првите наши донации и се надеваме дека следната година ќе имаме повеќе“, рече Крстевски.
Донацијата е реализирана во рамките на меѓународната соработка меѓу ротари клубовите од Македонија, Полска и Словенија.
Клубот подари нови колички и на Општата болница во Куманово.
(Фото: ТВ Плус)