Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во 18 општини во Североисточниот и Источниот регион ќе бидат затворени триесетина диви депонии, одлучи Владата.
„На оваа седница Владата, врз основа на информацијата за статусот на реализација на подготвителните активности поврзани со проектот за затворање на нерегуларните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот регион, донесе Одлука за затворање на дивите депонии и ѓубришта во 18 општини од источниот и североисточниот регион со која се опфатени и над триесеттина диви ѓубришта“, соопштува Владата.