Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека во недела ќе пристигне првата доза на вакцини преку Ковакс механизмот.
„Оваа недела на 28 март, во 7.55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на „АстраЗенека“ преку Ковакс системот “, напиша Филипче.
Ова се први вакцини кои земјава ги добива преку Ковакс механизмот. Досега добиени се само само 8.000 дози на компанијата „Фајзер“ од Србија и 3.000 од договорот на владата за руската вакцина „Спутник“.
Здравствените власти најавија дека од понеделник ќе започне имунизацијата на населението.
Дел од граѓаните на Куманово, кои имаат српски пасош се вакцинираат во Србија. Пред неколку дена група новинари се вакцинираа во Врање, а за викенд е најавено дека и повеќе бизнисмени ќе заминат во Белград за да се вакцинираат.