Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Србија од утре до понеделник се воведуваат построги мерки заради спречување на ширење на коронавирусот.
Ќе се затворат кафеаните и бутиците, а ќе работат само продавниците за прехранбени артикли и аптеките, како и бензинските пумпи само за точење на гориво.
„Нема полициски час, нема забрана на движење, ќе работат продавниците за прехрана, пумпите, сето она што е неопходно за колку-толку нормален живот“, рече премиерката Ана Брнабиќ.
Државните институции продолжуваат со работа, како и градинките, банките и поштите.
Режимот за работа ќе биде како за време на двата изминати викенди.
Во Србија секојдневно се зголемува бројката на новозаразени со коронавирус, иако досега 791.000 граѓани примиле две дози од вакцината.
(Фото:www.vom.mk)