Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со попишување на затворените лица во Казнено-поправната установа К’шање денеска официјално беше означен стартот на процесот на спроведување на пописот на населението и домаќинствата.
Казнено-поправената установа К`шање е првата ваква установа каде што и практично започна оваа фаза на пописот.
„Мислам дека сите дискусии завршија минатата недела откако и Евростат верификуваше со јавна изјава дека и Законот за попис и методологијата според која се спроведува пописот се направени согласно највисоките стандарди. По таа верификација сите дилеми кои беа наметнати од политичките фактори се расчистени. Сите треба да имаме доверба во пописот затоа што професионално се изведува, според точно утврдени правила и стандарди со сите заштитни мерки поврзани со Ковид-19 и можеме на еден брз и ефикасен начин да го завршиме во интерес на граѓаните“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, кој во придружба со заменик министерот за правда Агим Нухиу, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски извршија увид во текот на попишувањето.
Во ова установа оваа фаза за пописот започна навремено и се одвива во најдобар ред, оценија надлежните.