×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За неполни 12 години банките заработиле над една милијарда евра

    29.11.2022 11:48 | KumanovoNews

    За неполни дванаесет години, од 2011 година до сега, домашните банки заработиле над една милијарда евра.

    За неполни 12 години банките заработиле над една милијарда евра

    Бројките  на анализата на порталот „Пари“ говорат дека профитите на банките драстично растат од 2016 година наваму, па во тој период тие немаат годишна заработувачка помала од 100 милиони евра, за разлика од претходните години, кога профитот на банките бил од 20 до 74 милиони евра, . Дека се недопирливи за кризата покажаа и пандемиските години, кога заработувачката на домашните банки убедливо порасна. Така, во пандемиската 2020 година тие оствариле профит од 118 милиони евра. Наредната, 2021, година на свое конто на име профит ставиле дополнителни над 30 милиони евра и годината ја завршиле со рекордна заработувачка од 149 милиони евра. А годинава се на пат да го срушат и тој рекорд. Само за девет месеци од годинава профитот на домашните банки е неверојатен и изнесува 131 милион евра, покажува статистиката на Народната банка. Тоа е за 13 милиони евра повеќе од добивката која ја оствариле во истиот период минатата година, кога заработиле 117 милиони евра. Резултатите за деветте месеци покажуваат дека ако продолжат со ова темпо, до крајот на годинава банките ќе постават историски рекорд по заработувачка откога постои банкарскиот систем во земјава.

    ДОБИВКА ПО ГОДИНИ

    ВКУПНО: НАД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА

    ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАВА БАНКИТЕ ЗАРАБОТИЈА 131 МИЛИОН ЕВРА

    Податоците на Народната банка покажуваат дека за три месеци, од јуни до септември годинава, профитот на домашните банки пораснал за неверојатни 42 милиони евра. Заклучно со јуни заработувачката на банките беше околу 89 милиони евра, а заклучно со септември се искачи на 131 милион евра.

    Бројките покажуваат дека за девет месеци од годинава банките наплатиле неверојатни 360 милиони евра од граѓаните и компаниите на име камати, провизии и надоместоци. Па така, вкупно наплатиле 241 милион евра од камати, од кои над 131 милион биле наплатени од џебот на граѓаните. Сепак, откако ги минусирале расходите, на банките им останале нето-приходи од камати од над 205 милиони евра. Неверојатен раст има кај ставката провизии и надоместоци. Вкупно наплатиле 119 милиони евра, а како нето-приходи им останале над 74 милиони евра.

    Она што е интересно, банките за деветте месеци од годинава наплатиле за 14 милиони евра повеќе од камати и 14 милиони евра повеќе од провизии од истиот период лани. А наплатата од провизии, пак, во однос на истиот период од 2020 година, им рипнала за неверојатни 44 милиони евра.

    Најголемата заработувачка во банкарскиот сектор завршила кај петте големи банки. Од вкупната добивка од 131 милион евра на контото на големите банки на име профит за девет месеци се слеале речиси 120 милиони евра. Средно големите банки прикажале профит од 9 милиони евра, а малите од речиси 1,8 милиони евра.

    2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk