Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Доколку живеете во некоја од 6-те општини во Североисточниот регион, Ве покануваме да одговорите на прашалникот за да ги детектираме „слабите точки“ на здравствениот систем на ова подрачје, особено во време на пандемија, со цел да дадеме придонес за актуелизирање на состојбата и потребата од обезбедување на поквалитетни здравствени услуги за граѓаните.
Тимот на Куманово Њуз спроведе кратко истражување за пристапот до здравстствените услуги и обезбедување соодветна здравствена грижа за граѓаните од Североисточниот регион. Согледувањата се дека пациентите, се соочуваат со многу проблеми и потешкотии поради недостиг на термини, стручен кадар, недоволни капацитети на здравствените установи, ограничен пристап до здравствени услуги и „скапо здравство“, што осетно влијае врз квалитетот на здравјето. Недостига специјалистички кадар, лекари, медицински лица, опрема и апаратура во локалните установи, заради што се приморани да бараат помош во другите здравствени центри од државата. Тоа ги чини многу време и дополнителни трошоци, заради што не ретко се одлучуваат и да не го контролираат своето здравје. Единствената развиена установа во овој регион е ЈЗУ Општа болница во Куманово, која е преоптоварена за да ги задоволи сите здравствени потреби на пациентите. Граѓаните бараат подобрување на здравствените услуги во сопствените општини, а особено развивање на медицински служби во руралните подрачја.
Североистокот, како најнеразвиен и најсиромашен регион во државата, има потреба од поддршка од здравствените власти за изготвување на соодветна стратегија за обезбедување на поквалитетна здравствена помош од сите области.
За да ги утврдиме најголемите проблеми, но и потребите и приоритетите на населението, Ве молиме да го пополните прашалникот што е даден подолу.
Вашата анонимност е загарантирана, а Вашите искуства што ќе ги споделите со нас, се наменети исклучиво за нашето истражување и нема да бидат објавени без Ваша согласност.