Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во еден дел на Градскиот кеј во Куманово неодамна е поставена нова урбана опрема.
На местото на старите клупи и кантички поставени се нови, а некаде има дури и во пар.
„Има се може се“, коментираат кумановци, кои ги сретнавме на кејот. Додека повеќето неуредени и запуштени паркови во градот „плачат“ за клупи, на кејот како во автобус, ги има во два реда.
Старите клупи и кантички се извадени од бетон и само оставени во зеленилото, доколку не се приберат наскоро нема да не изненади ако завршат во нечиј двор.