Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се уште чади депонијата на влезот на населбата „Перо Чичо“ во Куманово, која се запали вчера. Оваа е само една од локациите од населбата Средорек до т.н. Туш, каде што секојдневно случајно или намерно се пали смет.
Сметот се пали откако ќе се натрупа, или затоа што од него се вадат остатоците од метал кои подоцна се продаваат.
Најчесто се пали гуми, пластика и секаков друг вид на отпад, кој го загадува возухот во градот. Граѓаните кои живеат покрај улицата „Октомвриска револуција“ и населбата „Перо Чичо“ реагираат дека постојано се изложени на чад и тежок мирис, кој ги труе.
Додека надлежните велат дека не можат да стигнат да исчистат колку брзо се создаваат новите депонии, граѓаните се жалат дека немаат доволно контејнери и ѓубрето не се изнесува редовно како во другите делови на градот.