Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На секоја споредна уличка во Куманово, покрај станарите, главно се паркирани автомобили на возачи кои не сакаат да платат паркинг.
Таков е случајот и на улицата „Пелинска“, каде станарите бараат од локалната власт да ја прошири зоната Б пред нивните згради, само за да спасат од натрапниците.
„ Драги власти. Не е толку тешко, треба да се уреди, исчисти, асфалтира, да се урнат гаражите изградени нелегално на државно земјиште и да се извадат столбчињата каде некој си чува автомобил, а друг песок. Се работи за улицата „Пелинска“, каде што секој ден ги паркираат своите автомобили, оние кои не сакаат да платат паркинг, па станарите не можат да влезат ниту да излезат од улицата“.