×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Антидатирана објава на Фејсбук манипулира дека вирусот бил предвиден пред 12 години

    16.08.2021 11:16 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Овој пост се прикажува како дека е објавен на 29 јули 2009 година, а всушност е објавен на 29 јули оваа година. Вистинскиот датум на објавата се гледа веднаш под името на тој што ја објавил, на знакчето што изгледа како часовник. Освен манипулацијата со датум на објавата, статусот е проблематичен и затоа што изнесува еден куп лажни податоци за коронавирусот и за вакцините. Со лажните информации во комбинација со наводно предвидување на вирусот, се цели кон постигнување на лажна слика за овој вирус и неговата опасност како и одвлекување на граѓаните од процесот на вакцинација 

    Антидатирана објава на Фејсбук манипулира дека вирусот бил предвиден пред 12 години

    Вирално се споделува објава на социјалната мрежа Фејсбук којашто навидум, на прв поглед изгледа дека е објавена пред 12 години и дека го предвидува коронавирусот. Но, ова е манипулација и обид за измама на јавноста. Она што е вистина дека објавата е антидатирана, односно ставен ѝ е постар датум од вистинскиот кога е напишана.

    Во 2019 че измисла лажна пандемија. Че ви кажа дека се работи за многу страшен вирус, а че се работи за најобичен грип. Пред то, за брзо, следниве години че ве плаша со други два грипа дека се страшни, ама то че биди само припрема. Големите глупости че почна на крајо од 2019та, че има полициски часој, ограничување на движење, услови и лажни вакцини.

    На Фејсбук постои опција одредена објава да ја напишете сега, но да може да ја антидатирате, односно таа да се покажува како да била објавена во минатото, на датум кој вие ќе го одберете.

    Тоа се случува со овој пост на кој се прикажува како да е објавен на 29 јули 2009 година, а, всушност, е објавен на 29 јули оваа година. Вистинскиот датум на објавата се гледа веднаш под името на тој што ја објавил, на знакчето што изгледа како часовник. Кога со глушецот ќе поминете врз ова знакче ви се покажува вистинскиот датум на објава. Но, многу од корисниците не се сретнале со оваа опција, ниту, пак, е многу очигледно дека статусот бил едитиран. Така што, голем дел од корисниците на социјалните мрежи што ја прочитале биле измамени дека ова наводно предвидување е вистинито и дека се случило пред 12 години.

    Освен манипулацијата со датум на објавата, статусот е проблематичен затоа што изнесува еден куп лажни податоци.

    Се тврди дека пандемијата е лажна, дека станува збор за фарса и дека се работи за најобичен грип. Ова се невистини.

    И грипот и ковид-19 се заразни респираторни заболувања, што значи дека влијаат на вашите бели дробови и дишењето и може да се пренесат на други лица. Но, тие се предизвикани од различни вируси, а смртноста е далеку поголема кај заболените од коронавирусот.

    Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека помеѓу 290.000 и 650.000 луѓе умираат од последици поврзани со грип секоја година низ целиот свет. Од коронавирусот, односно од почетокот на пандемијата со ковид-19 (31 декември 2019 година), па, досега починале над 4,3 милион луѓе. Лекарите и научниците работат на проценка на стапката на смртност од ковид-19, но во моментов се смета дека е значително повисока (веројатно 10 пати или повеќе) од онаа на повеќето видови на грип. Кај ковид-19 подолг е периодот пред луѓето да покажат симптоми и луѓето се заразни подолго. Истражувањата покажуваат дека ковид-19 е многу поштетен и смртоносен од сезонскиот грип, обратно од она што се тврди во објавата.

    Уште една невистина, која е изнесена во објавата, е дека вакцините се лажни. Напротив. Вакцините против ковид-19 се од пресудна важност за да се стави пандемијата под контрола. Вакцините ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност и делотворност. Тие произведуваат заштита од болеста како резултат на развивање на имунолошки одговор на вирусот САРС-Ков-2. Развивањето на имунитет преку вакцинација значи дека има намален ризик од развој на болеста и нејзините последици и се многу ефикасни во спречување на хоспитализација и смрт. Овој имунитет ви помага да се борите против вирусот доколку сте изложени. Вакцинирањето, исто така, може да ги заштити луѓето околу вас, бидејќи ако сте заштитени од заразување и од болести, помала е веројатноста да заразите некој друг.

    Со лажните информации во комбинација со наводно предвидување на вирусот, се цели кон постигнување на лажна слика за овој вирус и неговата опасност, како и одвлекување на граѓаните од процесот на вакцинација, кој е единственото решение за запирање на ширењето на вирусот и стивнување на епидемијата која однесе голем број на човечки животи низ целиот свет.

     

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар