×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Аргентински лекар не се вакцинирал со две дози во ист ден

    13.09.2021 13:21 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Фотографиите се вистински и се направени во Аргентина, но човекот не зел две дози од вакцината. Фотографиите се направени во болницата „Енрике Вера Барос“ во аргентинскиот град Ла Риоха, а мажот облечен во жолто е лекарот Рафаел Фернандез. Тој на својт Фејсбук профил самиот објасни дека не ја примил вакцината двапати:„Се случи да има група од повеќе луѓе кои сакаа да учествуваат во оваа прва вакцинација. И за погодноста на медиумите, се одлучи да се сменат местата и да се сменат рацете. Медицинската сестра продолжи да вакцинира други луѓе, па се смени и медицинскиот персонал. Не бидете злобни со толкувањата.“

    Аргентински лекар не се вакцинирал со две дози во ист ден

    Рецензираме пост на Фејсбук во кој е споделена фотографија на која е претставен медицински работник како во истата облека се вакцинира, како што лажно наведува авторот, „со две дози вакцина во ист ден“.

    Навали народе! Прими две плати само една! Еве како доктор прима вакцина, прво во лева, потоа во десна рака и тоа во ист ден. По се изгледа дека првата слика е излегла добро, се вели во постот.

    Но, што всушност се случило?

    Овие фотографии, иако се најдоа на социјалните мрежи во земјава во септември 2021 година, потекнуваат од Аргентина и се снимени на крајот на 2020 година. Доказ за тоа е што и на други страници на Фејсбук во декември 2020 година, (на пример тука и тука),  се споделени во истиот контекст и со истиот наратив: дека наводно лекарот бил вакциниран двапати во ист ден и тоа пред камери.

    Меѓутоа, дали е тоа навистина така?

    Краткиот одговор е не, а подолгиот следува во продолжение.

    Фотографиите се вистински и се направени во Аргентина, но човекот не зел две дози од вакцината. Фотографиите се направени во болницата „Енрике Вера Барос“ во аргентинскиот град Ла Риоха, а мажот облечен во жолто е лекарот Рафаел Фернандез. Доктор Фернандез е претседател на болничкиот кризен комитет и тој беше првиот од тој центар што ја прими руската вакцина против ковид Спутник В. Конфузијата настана откако министерот за здравство на Ла Риоха, Хуан Карлос Вергара објави неколку фотографии ,каде „човекот облечен во жолта боја“ се појавува во една поза, а прес-службата на владата во Ла Риоха објави други фотографии од истиот настан со д -р Фернандез во друга поза.

    Објаснувањето е едноставно. На првата фотографија, лекарот бил вакциниран, а втората била само симулација за да може во кадарот на фотографите и камерманите да влезат и политичките претставници. Докторот не примил две дози. Весникот Ла Насион, објасни дека вторите фотографии се направени за да може во кадарот да влезат и заменик гувернерот на градот и другите присутни власти.

    А, на следниот видео запис, може и самите да погледнете дека навистина било така, односно дека лаборантот само позира, а вакцината не е аплицирана.

    И конечно, лекарот Фернандез на својт Фејсбук профил самиот објасни дека не ја примил вакцината двапати.

    Сакам да појаснам дека не бев вакциниран двапати. Се случи да има група од повеќе луѓе кои сакаа да учествуваат во оваа прва вакцинација. И за погодноста на медиумите, се одлучи да се сменат местата и да се сменат рацете. Медицинската сестра продолжи да вакцинира други луѓе, па се смени и медицинскиот персонал. Не бидете злобни со толкувањата, напиша докторот од  фотографиите.

    Поради сите овие изнесени факти оценуваме дека е невистина дека аргентинскиот доктор се вакцинирал двапати во две различни раце со две различни дози во ист ден.

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар