×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Човекот на ова видео починал по откажување на бубрезите, а не пет минути после вакцинација

    14.12.2021 08:54 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Точно е дека пациентот починал пред болницата во Мексико Сити, точно е дека медицинска грижа не му била пружена веднаш, а вратата на болницата била затворена, но не е точно дека ова се случило ,,пет минути после вакцинација”. Сите релевантни извештаи од мексиканските медиуми споменуваат дека причината за смртта на мажот е откажување на бубрезите

    Човекот на ова видео починал по откажување на бубрезите, а не пет минути после вакцинација

    Во пост споделен на Фејсбук преку споделувањето на видео клип на кој се гледа членови на семејство как осе борат за животот на својот близок, кој сепак, починува, како и преку зборовите во текстуалниот дел од постот „пет минути по вакцината“ се шири дезинформација како небаре за смрта на починатиот да е винвна вакцината, која тој, наводно ја примил само пет минути претходно. Ова не е точно. И поради погрешното информирање за околностите и времето во кое се случил настанот, јавноста бива погрешно информирана и стекнува погрешна перцепција за вакцинацијата.

    Во постот е споделено скандалозно видео, кое е вознемирувачко и на кое се гледа дека човек во бесознание лежи пред вратата на болница. Околу него се растрчани членови на неговото семејство, кои во очај повикуваат некој од медицинскиот персонал да ја отклучи вратата, да излезе и да му помогне на човекот кој е легнат наземи. За време од пет минути, колку што трае и самиот видеоматеријал, евидентно е дека повеќе членови на семејството на човекот во бесознание се обидуваат да му пружат вештачко дишење. Глетката е вознемирувачка, на крајот човекот умира, а екипа на брзата помош, која е во близина, доаѓа само да ја констатира смртта. Вратата на болницата за сето време не се отвора и од неа не излегува ниеден лекар. Членовите на семејството зборуваат шпански јазик. На крајот од видеото, синот на човекот кој е починат, извикува ,,проклети да сте, уште беше жив кога ве повикувавме!”.

    Не е спорно дека овој немил и трагичен настан, пациент да почине без медицинска интервенција пред вратите на болница, навистина се случил. Спорно е што во постот што го рецензираме, се тврди дека тоа е последица на вакцинацијата.

    Мексико, пет минути по вакцината. Вака е означено видеото, нема повеќе информации, наведува авторката на постот.

    Но, за ова видео и за овој недостиг на медицинска интервенција, на интернет има многу многу повеќе информации. И ниедна од тие информации не вклучуваат вакцинација! Од 3 февруари 2021 година ова видео веќе циркулира на социјалната мрежа Твитер, потоа на Фејсбук, па на крајот и во официјалните медиуми во Мексико, земјата каде се случила трагедијата.

     

    Болницата се вика ,,Магдалена де лас Салинас” во Мексико Сити. Сите релевантни извештаи од мексиканските медиуми споменуваат дека причината за смртта на мажот е откажување на бубрезите. Тие информации ги дале членовите на семејството. Доктор Фрида Медина Родригез, директорка на високото специјално медицинско одделение за трауматологија, ортопедија и рехабилитација, известила дека се истражува смртта на пациентот.

    По инструкции на нашиот генерален директор почнавме целосна истрага за да ги утврдиме одговорностите. Исто така, секое од барањата формулирани од министерскиот орган задолжен за истрагата ќе се спроведе, рече таа.

    Во врска со трагичниот настан сестрата на починатиот пациент кажа:

    Решивме да одиме во таа болница, но брат ми на пат почна да добива срцев удар кога пристигнувавме. Не можам да опишам што беше тоа. Излегов надвор да барам помош, но чуварот ја затвори вратата и ни кажа да го однесеме во Клиника 24.

    Мексиканската болница издаде информација во која се вели дека доктор кој бил на дежурство во моментот кога пациентот дошол, бил известен дека треба да го третира. Меѓутоа, присутните луѓе извикувале дека е суспектен на ковид-19, па докторот влегол да облече заштитна опрема според протоколот. Оттаму додале дека ,,пациентот имал историја на откажување на бубрезите”.

    Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека постот комплетно неточно го толкува видеото со што шири дезинформација. Точно е дека пациентот починал пред болницата во Мексико Сити, точно е дека медицинска грижа не му била пружена веднаш, а вратата на болницата била затворена, но не е точно дека ова се случило ,,пет минути после вакцинација”. За конкретниот пациент, вакцинацијата воопшто не се споменува.

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар