×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Имињата на „Фајзер“ и „Модерна“ немаат никаква врска со божества и зарази

    23.09.2021 06:48 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Ниту имињата на фармацевските компании кои ги произведуваат вакцините против ковид-19, „Фајзер“ и „Модерна“, ниту нивните читања од позади или на кој било друг начин некако се поврзани со некаква пандемија, особено не со моменталната пандемијата на коронавирусот

    Имињата на „Фајзер“ и „Модерна“ немаат никаква врска со божества и зарази

    Фејсбук објава шири теорија на заговор заснована на наводното значење на имињата на два од производителите на вакцини против ковид-19, а со цел да се внесе сомнеж во овие вакцини и да се убедат луѓето да не се вакцинираат.

    Во објавата се тврди дека имињата на фармацевтските компании „Фајзер“ и „Модерна“, всушност, кажуваат дека вакцините се дело на злото.

    И кога е случајно, намерно е така.

    Вакцината Pfizer – Фајзер спелувао на назад е РЕЗИФП. На Хебрејски се изговара Решеф.

    Решеф е божество кое е асоцирано со пандемија, војна а понекогаш со грмотевица…

    Во Библиското Хибру, под РЕШЕФ се подразбират-Оган, Секавица но исто така и оган од температура, пандемија, фатална зараза од пандемија…

    ——————————————–

     Вакцината MODERNA – МОДЕРНА кога ке се поделит на два дела добиваме: MODE – (ПРОМЕНИ) и RNA (РНК – Рибонуклерана киселина која е многу слична на ДНК) .

    Значи во самото име се читат MODE RNA – ПРОМЕНИ РНК.

    Притоа, за името на производителот „Фајзер“ се тврди дека кога тоа ќе се прочита од назад има одредено значење и тоа коа ќе се прочита на хебрејски! Премногу калкулации за компанија, која името го добила на сосема друг начин и никако не е поврзано со божества и зараза.

    „Фајзер“ е основана во 1849 година од двајца германски имигранти во САД, Чарлс Фајзер и Чарлс Ерхарт. Двајцата го основале бизнисот, кој на почетокот бил поврзан со хемикали во фабрика во Бруклин, користејќи заем од таткото на Фајзер како капитал. Па, така, компанијата го добила името по еден од своите основачи, кој бил и хемичар и нема никаква врска, ни случајна ни неслучајна, со божество асоцирано со пандемија, ниту со војна.

    „Модерна“ името го добила, како што вели и самата објава и тоа не го кријат од компанијата. Таа е американска фармацевтска и биотехнолошка компанија со седиште во Кембриџ, Масачусетс. Се фокусира на технологии за вакцини со нуклеинска киселина (мРНК) каде се користи генетски модифицирана РНК за да се создаде протеин којшто самиот ќе предизвика имунолошка реакција. Компанијата е именувана од комбинација на термините „модифицирана“ (modified) и „РНК“ (RNA), а не, како што се тврди во текстот, од MODE. Всушност, самиот збор mode не значи промени, како што пишува во Фејсбук статусот, туку значи „метода“, „начин“.

    Ниту вистинските имиња на фармацевските компании кои ги произведуваат вакцините против ковид-19, болеста што ја предизвикува коронавирусот, ниту нивните читања од позади или на кој било друг начин некако се поврзани со некаква пандемија, особено не со моменталната пандемијата на коронавирусот.

    Ширењето на вакви нелогични и небулозни тврдења се користат со цел да се намали довербата на граѓаните во корисноста на вакцините и нивниот значителен придонес во намалување на ефектите од пандемијата, којашто трае година и половина во целиот свет и во која милиони луѓе ги загубија своите животи.

    Овие шпекулации и теории на заговор кои се шират на социјалните мрежи прават огромна штета, особено во овој период додека трае имунизацијата на населението и се цели кон постигнување на колективен имунитет и што е можно поголема заштита на граѓаните.

     

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар