×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лага за вакцината и децата во училиштата

    09.09.2021 07:43 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Лажна вест е пласирана како објава на Фејсбук дека со самото тоа што сте ги испратиле децата во училиште сте дале и согласност за вакцинација против ковид

    Лага за вакцината и децата во училиштата Фото: pixabay.com

    ,,Прочитајте добро родители, ова е буквален фашизам и тиранија“, бомбастично најавува авторот на објавата на Фејсбук што ја рецензираме и кој споделува фотографија во која на македонски јазик пишува:

    СЗО сега вели дека присуството на вашето дете во училиште се смета за информирана согласност за вакцинација – родителско присуство не е потребно.

    Нема линк до содржината и кога ќе се пребара овој наслов на пребарувачот Гугл, нема резултати. Според објавената фотографија, може да се заклучи дека оваа лажна вест не е објавена на ниеден медиум. Постот, сепак, е исклучително вирален, споделен над 100 пати.

     

    Што велат фактите за вакцинацијата на децата?

    Прво, да видиме, како е во Северна Македонија во поглед на вакцинација на децата?

    На 12. јули 2021 г., Министерството за здравство објави дека секој родител или старател кој сака да се векцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб страницата: vakcinacija.mk.

    По пријавувањето, се доделуваат термини за вакцинирање на децата.

    Родителите или старателите ќе може да ги регистрираат децата и од петок ќе започне апликацијата на вакцините. Закажување термин за вакцинација на децата е поради планирање на потребните количества вакцини Фајзер, рекоа оттаму.

    Вакцината на Фајзер доаѓа спакувана во вијала која содржи шест дози. Кога оваа вијала ќе се отвори (скрши), потребно е во краток временски период од неколку часови да се искористат сите шест дози. За да нема фрлање на дозите, министерството реши да оди со закажување на вакцинацијата, за да може да ги планира дозите.

    Освен ова, во објавата погрешно се опишува како Светската здравствена организација ја дефинира ,,информираната согласност”.

     

    СЗО – се бара согласност од родителите во секој случај

    Најважно е дека СЗО нема никаква правна моќ да одредува здравствени политики во било која од нејзините земји членки кои се суверени.

    Според службата за односи со јавност на СЗО, организацијата препорачува во земјите членки кои спроведуваат вакцинација на децата, да се добие согласност од родител или старател на еден од трите начини: усно, писмено или имплицитно.

    Усното и писменото давање согласност се јасни и прецизни. Усна согласност значи дека родителот и старателот го донел детето на вакцинација и лично се согласил со тоа. Пишана согласност значи дека родителот или старателот дал согласност за вакцинација во писмена форма.

    Третиот механизам, имплицитна согласност е она на кое се однесува постот кој го рецензираме. Според СЗО, родителот дава имплицитна согласност ако го прати своето дете на вакцинална сесија, откако бил известен од страна на здравствените власти дека вакцинација ќе се случи на одредено место, во одредено време.

    Во мејл упатен како одговор на прашањата на странските проверувачи на факти на Политифакт, СЗО вели дека, на пример, имплицитна согласност е ако родителот го испрати своето дете на училиште на ден кога е најавено дека ќе се спроведува вакцинација ако претходно родителите биле информирани дека вакцинацијата ќе се случи во тоа училиште и им била дадена можност да одберат да не го вакцинираат детето или да преземат соодветни чекори за да ја изразат нивната желба да не го вакцинираат.

    СЗО објави документ во кој објаснува се за писмена, усна и имплицитна согласност за вакцинација во 2014 г., што значи дека ова се спроведува со години уште пред пандемијата со корона вирусот.

    И во С. Македонија вакцинацијата на децата не е задолжителна, како што не е задолжителна ни онаа на возрасните. За децата помлади од 12 години не постои можност да се вакцинираат, затоа што компанијата Фајзер, на пример, чека да завршат клиничките студии за оваа млада возрасна група. За оние од 12 до 15 години, родителот мора да даде согласност и самиот да го пријави детето на сајтот за вакцинација, по што ќе добие датум и време за аплицирање на дозите.

    Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит и дезинформација.

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар