×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Инфективна се хоспитализирани 159 пациенти, а паркинзите на комплексот клиники „Мајка Тереза“ полни

    27.08.2021 08:59 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Во постот се прикажани фотографии од комплексот клиники „Мајка Тереза“, направени на 22 август  неработен ден, недела. На нив се гледа дека на паркингот и пред ковид амбулантата е празно. Но, врз основа на овие снимки не може да се извлече заклучок  дека на клиниките „Мајка Тереза“ нема пациенти. Во работен ден, како што и самите се уверивме, состојбата е дијаметрално спротивна. Во овој пост е испуштен контекстот. Вистинта, за жал е таква што ковид центарот во комплексот клиники „Мајка Тереза“ е преполн со пациенти. Според министерот Филипче, на 24 август, целосниот капацитет на Инфективната клиника во Скопје е полн, односно има 159 ковидпациенти во клиниката и во модуларната болница

    На Инфективна се хоспитализирани 159 пациенти, а паркинзите на комплексот клиники „Мајка Тереза“ полни

    Рецензираме исклучително вирален пост со над илјада и двесте споделувања, во којшто се претставени фотографии од комплексот клиники „Мајка Тереза“ и се тврди дека тој е празен, односно дека нема пациенти со ковид. Во постот има и фотографии од празен влез, односно кадри од улицата кај рампата на влез на Клинички центар, а којашто води кон клиниките. Има и фотографии од ковид амбулантата и паркингот околу модуларната болница, како и фотографија од паркингот кај Клиниката за гинекологија.

    „Вистиномер“ во работен ден се упати на комплексот клиники Мајка Тереза и ги фотографираше истите паркинзи и болнички окружувања на 24 август 2021 година во 8 часот и 15 минути. Тоа е работен ден, вторник. Нашите фотографии од работен ден, покажуваат комплетно поинаква слика. Паркинзите се преполни, и уште во раните утрински часови на рампата на влез на Клинички чекаа десетици возила кои мораше да ги регулира полицаец. Полн беше и паркингот пред ковид модуларната болница во склоп на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Паркингот на Клиниката за гинекологија немаше ниедно празно место.

    Во продолжение погледнете ги фотографиите од конкретниот ден и време кога екипата на „Вистиномер“ се упати на терен.

    Video Player
     
     
    00:00
     
    00:11
     
     
     

    Министерот за здравство Венко Филипче, за „Вистиномер“ рече дека на 24 август, целосниот капацитет на Инфективната клиника во Скопје е полн, односно има 159 пациенти со ковид во клиниката и во модуларната болница. Како што кажа Филипче, најголем наплив на пациенти има во градовите со низок опфат на вакцинација, како Тетово и Гостивар, додека таму каде што има висок процент на вакцинирани како во Охрид на пример, нема притисок за хоспитализации.

    Во постот што го рецензираме се тврди дека фотографиите се направени на 22 август што е неработен ден, недела. Во работен ден, како што и самите се уверивме, состојбата е дијаметрално спротивна.

    Оттаму,  во овој пост е испуштен контекстот. Фотографиите се вистински, но тие се снимени за време на викенд. Врз основа на овие снимки не може да се извлече зaклучок  дека на клиниките „Мајка Тереза“ нема пациенти.

    Вистината, за жал е таква што ковид центарот во комплексот клиники Мајка Тереза е преполн со пациенти.

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар