×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не е точно дека за операција во Градска болница – Скопје се бара трета доза вакцина

    15.12.2021 08:05 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека човек со гангрена на стапалото, со две примени дози бил одбиен за операција во Градска болница – Скопје, зашто не примил трета бустер доза. Ова тврдење е невистинито

    Не е точно дека за операција во Градска болница – Скопје се бара трета доза вакцина Фото: Marco Verch | ccnull.de | CC-BY 2.0

    Вистиномер стапи во контакт со директорот на Градска Болница доктор Љубен Арсенков. Тој тврди дека трета доза вакцина не е задолжителна и не постои протокол според кој што, при хоспитализација, се бара трета доза примена вакцина.

    Доктор Арсенков, исто така вели, дека на пациентот пред операција му се прави анкета и ако примил две дози вакцина против ковид-19, само му се прави брз ковид тест за да се потврди моменталниот негативен ковид статус.

    Доколку на тестот пациентот е негативен, тогаш операцијата се спроведува, но ако е позитивен тогаш мора да се одложи, вели доктор Арсенков.

    Меѓутоа, тој е дециден дека вакцинацијата со бустер доза преставува незадолжителен процес во земјава. И Министерството за здравство веќе информираше дека препораката за трета, бустер доза од вакцината е за сите граѓани после најмалку шест поминати месеци од втората доза. Но, некој може да се одлучи да не прими трета доза вакцина, а може и да дојде на ред за операција од било каков вид, за било каква медицинска потреба, во тој меѓупериод после втората доза и примањето на третата доза. На тие пациенти медицинската услуга не им е ускратена, како што лажно се тврди во постот што го рецензираме само зашто не примиле трета доза вакцина.

    Исто така, во болниците во земјава, не се одбива да се направи операција на пациенти кои воопшто не се вакцинирани, или, пак, се вакцинирани со само една доза. Вакциналниот статус не претставува основа за дискриминирање и ускратување на правото на здравствена заштита на пациентите во Република Северна Македонија. Меѓутоа, секој пациент, пред да се оперира, се тестира и ако е позитивен, тогаш таа хируршка интервенција се одложува додека пациентот да се негативизира, освен ако не е животозагрозувачка и итна интервенција!

    Според податоците објавени на страницата на Министерството за здравство до 20 мај 2020 година, во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје во периодот март-мај 2020 година, направени се вкупно 370 интервенции: 116 трауматолошки, 60 онколошки, 90 итни абдоминални и 104 други општохируршки интервенции. Сите пациенти кои имале потреба од операција и интервенција во тој период, биле соодветно згрижени и третирани согласно протоколите за работа. Истите протоколи за работа важат и откако во борбата со пандемијата се приклучи и мерката за вакцинација.

    Меѓутоа, вакцинацијата во земјава е незадолжителна така што јавното здравство останува достапно и за невакцинираните и за вакцинираните со една доза и за вакцинираните со две дози, без условувување. Оттаму, оценуваме дека постот е невистинит.

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар