×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не се развива чип за детекција на ковид, туку сензор од хидрогел кој не може да детектира патогени

    09.09.2021 07:49 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Невистинито е тврдењето во овој пост дека е развиен микрочип за детекција на ковид. Сензорот спонзориран од американската војска може да детектира ковид, но не е микрочип. Станува збор за зелен сензор, кој е помал од зрно ориз, ама не е микрочип и во него нема никакви метали или електроника. Сензорот сè уште не е во употреба и е технологија на иднината. Неточно е и тврдењето во постот дека сензорот детектира рани симптоми на ковид, што е непотребно бидејќи самото тело може да ја даде таа информација. Сензорот не детектира ни патогени, ни симптоми, туку молекуларни промени уште пред да се појават симптомите

    Не се развива чип за детекција на ковид, туку сензор од хидрогел кој не може да детектира патогени

    Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека Пентагон во април 2021 година изјавува оти има микрочип којшто, наводно, ќе се стави во телото и ќе регистрира дали човекот има вирус.

    Ех, која теорија на заговор не е исполнета ве молам кажете ми, прашува авторката на постот.

    Во постот има и видео материјал од телевизијата Раша Тудеј (Russia Today, медиум кој е провладин), каде и самиот презентер во видеото, односно неименуваниот аналитичар, или пак, новинар, кажува дека „откако некои луѓе што велеа дека има микрочип во ковид вакцините, беа обвинети дека се теоретичари на заговор, и самиот Пентагон излезе и обелодени дека имаат развиено микрочип“.

    Она што е важно е дека владината агенција ДАРПА, која спроведува развиени истражувачки проекти за одбрана, е онаа која го разви овој конкретен микрочип. Тие велат дека микрочипот нема да ве следи, туку ќе следи дали имате ковид симптоми. Епа, погодете што, и моето тело самото може да ми каже дали имам ковид симптоми. Зошто ми е потребен микрочип да ми каже дали чувствувам симптоми на ковид? Бизарно е. ДАРПА е истата што го финансираше истражувањето во лабораторијата во Вухан изминатите 10 години, вели тој во своето излагање (од 00:29 – 01:17 мин. во видеото).

    Во постот се изнесени неколку погрешни информации.

    Сензорот спонзориран од американската војска може да детектира ковид, но тој сензор не е микрочип. Станува збор за зелен сензор кој е помал од зрно ориз, но не е микрочип. Нема никакви метали или електроника во него, според „Профуса“, компанијата која во 2016 година доби 7.5 милиони долари федерални средства за да го развие сензорот.

    Првичната намена поради која е развиен овој сензор е да го следи здравјето на војниците во воените зони во реално време! Направен е од хидрогел, сличен на ткивото што го имаме на рацете, каде сензорот се поставува под кожата со инјектирање и тој уште не е во употреба иако се тестира.

    Технологијата на Профуса не е хидрогелски чип кој ќе ве поврзе на интернет. Тој нема никакви електрични компоненти и е од сличен материјал како и контактните леќи што ги носиме, изјави за Ју Ес Еј Тудеј, Џеред Адамс, шеф на комуникации на ДАРПА.

    Сензорот содржи флуоресцентни молекули кои емитуваат светло кое, пак, регистрира кислород, глукоза, лактоза и други биомолекули во телото. Ако нивниот број се зголеми или се намали, тоа може да е индикатор дека лицето се разболува или дека наскоро ќе развие симптоми.

    Овие промени во телото се регистрирани преку друг уред, читач, кој се носи на површината на раката, или, пак, се држи во рака директно врз местото каде што е сензорот. Читачот му испраќа сигнали на сензорот преку кожата, кој потоа емитира светлосни сигнали во реално време, односно информации за тоа кои биомолекули се присутни. Потоа овие собрани информации од читачот се појавуваат на телефонска апликација преку Блутут и овие податоци може да се споделуват со болници или здравствени установи.

    Како што објаснуваат од ДАРПА овој сензор може да се користи како што се користат сигналните светла на автомобилите кои се појавуваат и алармираат дека наскоро може да следи проблем со моторот или друг автомобилски дел. Значи, веднаш кога војникот ќе дознае дека наскоро може да развие симптоми, може да се тестира или да му се земе крв и да се види од што боледува.

    Сензорот не може директно да детектира ковид-19 или друга болест ама може да овозможи рана детекција која подоцна дава брза интервенција и третман. Сензорот нема никаков метал којшто би можел личните податоци да ги пренесе на друг уред. Тој беше развиен од приватна компанија со користење на федерални средства. Значи,  сензорот не детектира директно ковид-19 туку промени во молекуларниот состав кои можат да значат еден куп болести. Развојот на сензорот е почнат години пред појавата на коронавирусот.

    Во еминентната емисија 60 Минути (60 Minutes), доктор Мат Хепбурн, лекар за инфективни болести на Департментот за одбрана, само го спомена овој проект и тоа во контекст на неколкуте владини проекти во САД кои целат да заврши ковид пандемијата и да се превенираат идни пандемии.

    Но, сензорот што Хепбурн го спомена не е микрочип и не е поврзан со вакцината против ковид и не е ниту комерцијално достапен во САД.

    Како што рече доктор Хепбурн, сензорот не може да детектира патогени значи не може да детектира ковид-19, ама може потенцијално да почувствува хемиски промени во телото кои индицираат вирални, бактериски или други инфекции во рана фаза!

    Сензорот ќе може да се користи во рана фаза за да се превенираат здравствени ризици кои може, но и не мора да се поврзани само со ковид.

    Оттука, како невистинит го оценуваме постот во кој се тврди дека е развиен микрочип за детекција на ковид. Сензорот сè уште не е во употреба и е технологија на иднината. Неточно е и тврдењето во постот  дека сензорот би детектирал рани симптоми на ковид, што е непотребно бидејќи самото тело може да ја даде таа информација. Сензорот не детектира ни патогени ни симптоми туку молекуларни промени уште пред симптомите да се појават.

     

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар