×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема докази дека личности од светската елита примиле лажни вакцини против ковид-19

    20.09.2021 06:56 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Оваа објава ја манипулира јавноста и шири паушални информации на Фејсбук. Тврдењата на психијатарот Алесандро Мелуци, личноста на која се повикува постот, дека луѓе од елитата примале лажни вакцини против ковид-19, се без никаков доказ и истите не се никаде пријавени. Споделувањето на вакви непроверени информации можат да создадат забуна во јавноста и да предизвикаат паника, особено во услови кога е во тек процесот на вакцинација против ковид-19, како е единствен излез од пандемијата

    Нема докази дека личности од светската елита примиле лажни вакцини против ковид-19

    Пост на Фејсбук (дез)информира дека политичари и вип личности наводно примале лажни вакцини против ковид-19.

    ЛЕКАР БИВШИ МАСОН ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ!

    ~ПОЛИТИЧАРИ И ВИП ЛИЧНОСТИ ПРИМААТ ИМИТАЦИЈА НА В@КСИНИ~

    ( Жалам, понижувачки и трагично за сите в@ксинирани).

    Постот се повикува на изјава на Алесандро Мелуци, психијатар, криминолог и теолог, кој за италијанските медиуми е познат антиваксер и човек кој постојано шири лажни вести на социјалните мрежи.

    На 15 јули 2021 година, Алесандро Мелуци во Сан Марино бил гостин на иницијатива организирана од здружението „Салуте Атива“ за да зборува за вакцините против ковид-19. Во извадок од неговиот говор што кружи на социјалните мрежи, кој сега стана вирален за поддршка на теориите на заговор и антиваксерските кампањи, Мелуци вели:

    Сигурно повеќето од тие што се вакцинирани, од одредена сфера натаму (алудирајќи на светската елита), примиле лажни вакцини. Ви го потврдувам тоа, затоа што и мене ми понудија. Јас ги одбив. Им реков дека не сакам да си ја извалкам кармата.

    За да ја потврди вистинитоста на она што го кажал, Мелуци се заколнал во својата ќерка. Но, за ваквите тврдења не понудил ниту еден единствен доказ, пишува сервисот за проверка на факти на порталот „Џорналетисимо“.

    Нема референца, нема име или презиме. Нема известување до надлежните органи. Судејќи како Мелуци зборува за тоа, изгледа зборува за нешто што се случило поодамна, но тој ја избра сцената на антиваксерската кампања за да ја раскаже оваа страшна приказна. Сè без можност за докажување. Бидејќи она што го вели психијатарот е лишено од секаква референца што би овозможила верификација на неговата изјава. Но, тоа е доволно за да добиете овации од антиваксерите, пишува „Џорналетисимо“.

    Изјавата на Мелуци дека луѓето од светската елита примале лажни вакцини против ковид, како лажна ја оценува и порталот „Опенонлајн“.

    Видеото од говорот на Мелуци, на Твитер го споделил и корисникот Giuse (@ rubino7004) со следниот коментар:

    На горните катови никој не умира од ковид, никој нема негативни реакции.

    Заменикот на политичката партија Лега, Клаудио Борги, како одговор на твтитот на Giuse, интервенира со означување на изјавата на Мелуци како „лажна вест“:

    Не, Giuse, ова е лажна вест … на „горните катови“ познавам многумина кои дури и заминале во странство како во Дубаи, да ги добијат вакцините пред другите и сега прават хаос затоа што системот за Грин пас не им ги препознава. Мене никој не ми понудил лажни вакцини, ниту, пак, познавам некој таков, ја пренесува преписката од Твитер порталот „Опенонлајн“.

    Порталот „Либеро Квотидијано“, говорот на Мелуци го оцени како лажни вести од најлош вид“.

    Италијанските портали потсетуваат дека Мелуци е навикнат да споделува лажни содржини и лажни фотографии во корист на одредени наративи. Во тој контекст ја спомнуваат измамата на Мелуци со која тврдел дека полицаецот одговорен за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД бил актер.

    Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го анализираме ја манипулира јавноста и шири паушални информации. Имено, тврдењата на Мелуци, личноста на која се повикува постот, дека луѓе од елитата примале лажни вакцини против ковид-19, се без никаков доказ и истите не се никаде пријавени. Споделувањето на вакви непроверени информации можат да создадат забуна во јавноста и да предизвикаат паника, особено во услови кога е во тек е процесот на вакцинација против ковид-19, како е единствен излез од пандемијата.

     

     

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар