×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ПЦР тестот не регистрира настинка и грип божем се ковид, туку е специфичен само за коронавирусот!

    16.08.2021 11:14 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    ПЦР тестот регистрира само коронавирус, а не вирус што е причинител на настинка или грип, како што дезинформира оваа објава на Фејсбук. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Тие се единствено присутни во градбата на Сарс Ков 2 вирусот

    ПЦР тестот не регистрира настинка и грип божем се ковид, туку е специфичен само за коронавирусот! Фото: freepik.com

    Рецензираме пост во кој се тврди дека ПЦР тестот е лажен и регистрира настинка и грип како ковид:

    Се додека лугето прифаќаат лажен тест кој регистрира настинка и грип како ковид, и нема крај на оваа ноќна мора!

    Ова не е точно. ПЦР тестот регистрира само коронавирус, а не вирус што е причинител на настинка или грип.

    Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека грип и ковид се една иста работа, како што лажно се тврди во постот.

    Во пресрет на есента, се појавија нови препораки од Центарот за контрола и превенција на болести на САД. Овие препораки не значат дека ПЦР тестот досега не бил ефективен, туку дека агенцијата препорачува воведување на нови тестови кои можат во исто време да откриваат и Сарс Ков 2 и инфлуенца. Значи, да бидат за два вируси, наместо само за ковид.  Односно, се работи за два различни вируса, поточно со тестот ќе се испитува дали пациентот има ковид, дали има грип или можеби ги има и двата вируса што, исто така, е можно!

    Значи, препораката е да се транзитира кон употреба на тест кој може да дијагностицира два вируси одеднаш, а причината за ова е зашто на таков начин ќе се овозможи континуирано тестирање и за инфлуенца и за ковид, за да се заштедат и време и ресурси во екот на сезоната на грипот која претстои. Деталите за овој тест може да се погледнат на следниот линк.

    Портпаролката на Центарот за контрола и превенција на болести, Јасмин Рид, за „Ројтерс“ изјави дека ковид-19 панелот користен за дијагностицирање извршил важна улога во моментот кога бил развиен и не демонстрирал никакви проблеми во поглед на перформансите.

    Барањето за овој тест опадна со појавата на други тестови. Центарот за контрола и превенција на болести ги охрабрува лабораториите да прифатат нов кит за тестирање за да ги опсервираат и сарс ков 2 и инфлуенцата, за да се заштеди и време и ресурси, изјави Рид за „Ројтерс

     

    Ковид и инфлуенца или грип, се различни работи

    Според Центарот за јавно здравје – Скопје, грип (инфлуенца) е заразна респираторна болест предизвикана од вирусот на грип.

    Може да предизвика блага до тешка болест, а понекогаш може да доведе и до смрт. Грипот е различен од настинка. Грип обично доаѓа наеднаш. Луѓето кои се болни од грип често чувствуваат некои или сите од овие симптоми: треска, кашлица, воспалено грло, затнат нос, болки во телото и мускулите, главоболки и замор, во некои случаи дијареа (кај децата).

    Повеќето луѓе кои добиваат грип ќе закрепнат за неколку дена или најмногу до две недели, но некои луѓе ќе развијат компликации (како што се пневмонија) како резултат на грип, од нив некои може да бидат опасни по живот и да резултираат и со смрт, пишува на веб-страницата на Центарот за јавно здравје – Скопје.

    Во оваа информација уште се посочува дека секој може да се разболи од грип (дури и здрави луѓе). Исто така, се напоменува дека:

    Сериозни проблеми поврзани со грип може да се случат на која било возраст, но некои луѓе се изложени на висок ризик да развијат сериозни компликации поврзани со грип, ако се разболат. Ова ги вклучува луѓето на возраст од 65 години и постари лица, лица од било која возраст со одредени хронични медицински состојби (како што се астма, дијабетес или срцеви заболувања), бремени жени и деца помлади од 5 години, но особено оние помлади од 2 години.

    Разликата меѓу ковид-19 и грипот, според Мајо клиниката, е што двете состојби се предизвикани од различни вируси. Ковид-19 е предизвикан од коронавирусот, а инфлуенцата од Инфлуенца А или Б вирусите. Како што пишува на веб-страницата на Мајо клиниката, со ковид-19 може да се случи симптомот губење на мирис и вкус. Различно е и што симптомите кај ковид генерално се појавуваат два до 14 дена по изложеноста на вирусот, а кај грипот се појавуваат од 1 до 4 дена по изложеноста на вирусот предизвикувач на грип. Исто така, ковид-19 се шири побрзо од грипот, односно е поконтагенозен. Стапката на смртност кај ковид е повисока, отколку кај грипот.

    Во 2020 година и во 2021 година  во САД од ковид починале 580 илјади луѓе. Во 2019/2020 година во сезоната на грипот, од грип во САД починале 22 илјади луѓе

    Друга разлика е тоа што грипот може да се третира со антивирални лекови. Единствениот антивирален лек за третирање ковид е ремдесивир.

     

    ПЦР тестот за ковид не детектира грип туку коронавирус

    Како што е објаснето на веб-страницата на Центарот за јавно здравје – Скопје, методот според кој се докажува присуство на вирусот во примерокот од пациентот се одвива во 2 чекори.

    Првиот чекор е автоматска екстракција на RNA со помош на автоматски екстрактор од вирусот на принцип на современ метод со магнетнипартикули, кој овоможува екстракција на високо квалитетна вирална нуклеинска киселина.

    Вториот чекор е мултипликација на изолираната вирусна RNA и специфична детекција на вирусот во примерокот според присуство на специфични за Сарс Ков 2  таргет гени (N и Е гени). Овие гени се гени за структурни протеини кои се во состав на градбата на вирусот и се строго специфични само за Сарс Ков 2 вирусот од фамилијата на САРС вируси. Овој метод овозможува детекција на вирусот со висока сентизтивност и го детектира вирусот во пациент кога е присутен со минимум 10 копии од генот.

    Погорниот пасус објаснет со едноставна терминологија, всушност значи дека ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Тие се единствено присутни во градбата на Сарс Ков 2 вирусот.

    Поради горенаведената аргументација, оценуваме дека постот е дезинформација.

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар