Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ниеден научен факт, студија или аргумент не потврдува дека во вакцината од кој било производител се содржи графен оксид. Тоа може едноставно да се провери доколку се погледне составот на вакцините кој е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата ковид19вакцинација.мк. За тоа дека вакцината немаат магнетизирачко дејство, ниту пак, магнетизирачки компоненти, пишувавме повеќепати. Она што е јасно е дека вакцините на ниту еден производител не содржат метали. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на „Фајзер“, на пример, содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто
Рецензираме пост на Фејсбук, придружен со видеоматеријал во којшто се изнесени низа конспирациски теории за кои не е понуден ниеден доказ. Видеото трае 18 минути, а постот е исклучително вирален, со 152 споделувања и над 450 допаѓања.
Сумирано, во видеоматеријалот кој има и македонски превод, извесен човек од Аргентина, Луис Мартинез, изнесува тврдења за вакцината, како, на пример, дека таа содржи графен оксид, кој, пак, генерира системско воспаление со цитокинска бура тромбови и делува на белите дробови (1.13 мин. од видеото), потоа дека во содржината на вакцината има 99 проценти графен оксид (2.05 мин. од видеото), дека после вакцинацијата станувате магнет (2.46 мин. од видеото).
Неименуваниот автор на видеото го претставува Луис Мартинез како еден од најпознатите генетичари во цела Јужна Америка (на 2.27 мин. од видеото). А проверката на факти од странски сервиси, покажува дека не му е првпат да изнесува лаги. Така, во минатото кажувал дека ковид вирусот не е изолиран, а истото неточно тврдење го повторува и во видеото што го рецензираме во 3 минута и 25 секунда.
Наспроти лагата дека не се знае дали коронавирусот е изолиран, во светот е нашироко познато дека тој беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Самата Светска здравствена организација (СЗ) потврдува дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година и во следното известување.
Ниеден научен факт, студија или аргумент не потврдува дека во вакцината од кој било производител се содржи графен оксид. Вакцината на „Фајзер“ ги има состојките наведени овде, а таму нема графен оксид. Како се знае дека во вакцината нема графен оксид? По тоа што надворешни експерти ги имаат тестирано состојките и не нашле графен во формулата на вакцината ни во нејзините липидни честички.
Графен оксидот се состоји од јаглерод, кислород и хидроген. Се користи од сензори до текстил и потенцијално може да се аплицира во медицината. Материјалот е евтин, достапен и може да се разложи во вода. Но, во вакцините против ковид го нема!
„Вистиномер“ досега неколкупати дебанкираше вести кои тврдат дека во составот на вакцините против ковид-19 има графен оксид.
Тоа може едноставно да се провери доколку се погледне составот на вакцините кој е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата ковид19вакцинација.мк. Како што може да се види, графен оксид никако не е дел од составот на вакцините.
Обвинувањата за графен оксид во составот на вакцините главно се насочени кон производителот „Фајзер“ од каде и официјално се огласија и ги демантираа ваквите наводи.
Претставник на „Фајзер“ за „Асошиејтед прес“ ијзавил дека во нивната вакцина нема графен оксид. „Вистиномер“ веќе пишуваше дека студијата со која се прави обид да се „поткрепи“ тврдењето дека во Фајзеровата вакцина има графен оксид, не е прегледана од медицинската заедница (не е peer-reviewed), ниту, пак, е поддржана од Универзитетот во Шпанија, Алмерија.
Кит Лонгли, менаџер за наука во „Фајзер,“ за „Асошиејтед прес“ изјавил дека оваа состојка во нивната вакцина не постои. Истото го потврдиле и хемиски и медицински експерти, кои не се поврзани со компанијата „Фајзер“.
Не е во листата на состојки, и нема никаква можност да биде присутна во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс.
Експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, додал дека ова тврдење (дека вакцините содржат графен оксид) е чиста глупост.
Во видеото коешто го рецензираме на 6 минута и 57 секунда, Луис Мартинез вели дека на некоја жена во Уругвај (нема детали за случајот), на нејзиниот сопруг и синот, им се прават некакви анализи зашто станале магнетни после вакцината.
За тоа дека вакцината немаат магнетизирачко дејство, ниту пак, магнетизирачки компоненти, пишувавме повеќепати. Она што е јасно е дека вакцините на ниту еден производител не содржат метали. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на „Фајзер“, на пример, содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто. Целосната аргументација може да се погледне овде.
Но, најскандалозното тврдење во видеото што го рецензираме е тоа што го кажува Мартинез во делот од видеото на 1.13 мин.:
Графенот генерира системско воспаление со цитокинска бура, тромбови и делува на белите дробови. Тоа е клиничка слика која ја нарекоа ковид.
Меѓутоа, колку е нелогично, небулозно и неаргументирано ова тврдење, покажува фактот што цитокинска бура, тромбови и воспаленија на белите дробови како последица на ковид се појавија како симптоматологија уште долго време пред ковид вакцината воопшто да се администрира! Така, лагата дека вакцината, односно графен оксидот кој не постои во вакцината, бил причина за ковид симптомите е демаскирана. Тука прочитајте како цитокинската бура се создава поради компликација на ковид, а не како компликација од вакцината.
Во 6.57 мин., Луис Мартинез вели дека доктор Рикардо Делгато заедно со доктор Хосе Луис Севиљано и други шпански професори, наводно направиле физичко хемиска анализа на компонентите на вакцината, но (во 7.12 мин.) Луис Мартинез капитулира со тоа што кажува дека ,,не е во состојба да ги објави нивните октритија”.
„Вистиномер“ веќе има пишувано дека споменатото истражување не дава убедливи научни докази оти вакцината на „Фајзер/Биотек“ против ковид-19 содржи графен оксид, како што наведуваат во интервјуто споделено на Фејсбук. Тоа го поткрепи и со фактот дека вакво истражување нема објавено во ниту една научна студија, ниту, пак, го има објавено самиот Универзитет Алмерија, како што пренесе шпанскиот портал Њутрал.ес.
Исто така, самата академска институција се дистанцирала од оваа претпоставена студија и нејзините заклучоци:
Овој универзитет ниту ги поддржува, ниту ги „споделува“ заклучоците од студијата, бидејќи станува збор за „неофицијален извештај на универзитетски професор за анализа на примерок од непознато потекло со тотален недостаток на следливост,“ се истакнува во соопштението од универзитетот објавено на 2 јули.
Во видеото гостинката тврди дека станува збор за вакцината „Фајзер“, при што имало некој во полицијата да ја потврди автентичноста на потеклото на вакцината. Авторот, пак, на извештојот, како што пренесува поратлот Њутрал.ес, признава дека епруветата со течноста, која ја анализирал, пристигнала со достава, но дека не знае од каде доаѓа, односно не можел да го следи патот на пратката. Исто така, појаснува дека лицето кое му го испратило овој наводен пакет е Рикардо Делгадо Мартин, познат по ширењето антиваксерски содржини.
Претставник на „Фајзер“ за Асошиејтед прес ијзавил дека во нивната вакцина нема графен оксид. Студијата со која се прави обид да се „поткрепи“ тврдењето дека во Фајзеровата вакцина има графен оксид, не е прегледана од медицинската заедница (не е peer-reviewed), ниту, пак, е поддржана од Универзитетот во Шпанија, Алмерија.
Поради сета горенаведена аргументација оценуваме дека е комплетна лага дека вакцините ве прават магнети, дека содржат графен оксид и дека цитокинска бура се создава кај луѓето како компликација од вакцината.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар