×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поттикувањето на критичкото мислење – една од најсилните алатки во борбата против дезинформациите

    27.09.2021 07:12 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Поттикнувањето на критичкото размислување е значајно за младите лица кои се постојано „закачени“ на Интернет и „бомбардирни“ со мноштво информации.Теориите на заговор се многу блиску до некритичкото мислење. Но, интересно е што  многу од луѓето кои имаат склоност кон верување во теории на заговор се сметаат за критички мислители кои имаат повисоко ниво на сомнеж, иако во основа тоа е една нагласена скептичност. Анализата на дезинформациите поврзани со ковид-19 во Северна Македонија на Фондацијата „Фридрих Науман“ и „Метаморфозис“ покажа дека е неопходно да се гради култура на критичко мислење и општествен дијалог на сите нивоа. Анализата спроведена на 479 антидезинформациски написи покажа дека 1 /3 е верзија којашто кружи низ целиот свет со главно потекло од САД, Русија и Кина. За жал, медицинските власти често посочуваат дека фактор за смртноста од ковид-19 е што дел од пациентите предоцна бараат медицинска помош, зошто претходно губеле време со алтернативни пристапи

    Поттикувањето на критичкото мислење – една од најсилните алатки во борбата против дезинформациите Фото: Принтскрин колаж - freepik.com

    Младиот Давид Георгиевски мислел дека може многу лесно да ги препознае лажните вести, но самиот се изненадил кога неодмна увидел дека не било баш така. „Научив многу нови работи за дезинформации и за лажни профили, што за мене беше голем предизвик“, вели тој споделувајќи ги неговите впечатоци од учеството во проектните активности за медиумска писменост, организирани од НВО „Центар за аудио и ауди-визуелни уметности Крива Паланка“, а во рамките на проектот „Критинк“. Жаклина Цветковска од оваа граѓанска организација вели дека треба да има повеќе вакви едукативни работилници на кои младите би биле интерактивно вклучени на теми поврзни со критичка опсеравција на инфрмациите, особно на оние кои се шират на интернет.

    Да научи да разликува точна и релевантна информација од лажна вест било вистински предизвик и за Бојан Радески кога работел на темата: Читај вниматело, анализирај паметно“. Тој заедно со група млади луѓе бил вклучен во едукативниот проект на НВО „Медиум“ Гостивар. Аделина Рамадани од оваа невладина организација потенцира дека  критичкото размислување е битно за да се спречи одредена манипулација и донесување на погрешни заклучоци. Рамадани истакнува нивните анализи на терен покажале дека постои широко распространета медиумска неписмесност, ососбено во руралните средини, изразена меѓу младите и маргинализирните групи.

    Според Бисера Бијелиќ од НВО „Ганимед,“ Битола, учениците се желни за неформално образование.

    Тие сакаат да излезат од училишните клупи и да научат нешто надвор од нив, вели таа.

    Притоа додава дека доколку имаат можност, би го прошириле овој проект со тоа што ќе опфатат и малку помлада популација, односно основци – ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение. Бијелиќ смета дека медиумска писменост е особено важна и треба да најде повеќе место во формалното образование во училиштата.

    Лилјана Танчева од НВО „Мултус“ Гевгелија посочува дека поттикнувањето на критичкото размислување е значајно за младите лица, меѓу другото и поради тоа што се постојано „закачени“ на Интернет и „бомбардирни“ со мноштво информации. Таа укажува дека проектни активности од ваков тип се корисни за да се предупредат тинејџерите да внимаваат на „фишинг“ – измами на социјалните медиуми. Танчева има впечаток дека младите сакаат нешто повеќе и поразлично од класичната едукација, па бараат малку понеформални методи во пренесувањето на знаењата и вештините.

     

    КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ ОД МАЛИ НОЗЕ

    Од Бирото за развој на образованието велат дека критичкото мислење ќе им овозможи на учениците самостојно да ги обработуваат информациите и да изведуваат исправни заклучоци, да не подлегнуваат на притисоци и да донесуваат поодговорни одлуки. Оттаму посочуваат дека критичкото размислување се обезбедува преку новите стратегии и пристапи на настава – пред сѐ, преку ставање на учениците во проблемски ситуации, искуствено и проектно учење. Исто така и медиумската писменост е тема којашто е вградена во наставната програма по мајчин јазик уште од прво оддление и спирално се надоградува до деветто одделение во основното образование

    Со новите наставни програми се обезбедуба наставата да се ориентира кон продлабочено и смислено учење базирано на критичко мислење и логичко заклучување.Таквото учење бара осмислување и поврзување на информациите и решавање на проблеми наместо помнење факти, кои во современи услови не само што се лесно достапни туку и се подложни на манипулација. Развивањето на критичко мислење на способноста да се провери секоја информација, да се стави во вистински контекст и значење е едиствениот начин, преку кој ќе се оспособат нашите ученици да се справуваат со лажните вести и дезинформациите, велат од Бирото за развој на образованието.

    Фондацијата „Метаморфозис“ преку проектот „Критинк“ се бори против дезинформациите, спиновите  и манипулативните наративи во политичкиот дискусрс преку точно разработена методологија. Филип Стојановски, раководите на проектот „Критинк“, смета дека медиумите имаат голема можност да придонесат кон развој на критичкото мислење со вградување и ширење на содржини од овој тип во нивната секојдневна работа .

    Тоа, пред сѐ, е важно од аспект на проврека на факти, за да може да се пренесат јасни и точни информции врз база на кои потоа се носат одлуки, вели Стојановски.

    Истовремено напоменува дека е значајна и едукативната улога на медиумите – документарни програми, квизови, забавни емисии. Но, како што потенцира Стојановски, иако образовната е една од основните компоненти на медиумскиот концепт, во последните децении таа е целосно зборавена.

     

    КАКО СЕ МАНИПУЛИРА СО МИСЛЕЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ?

    Теориите на заговор се многу блиску до некритичкото мислење. Но, интерено е што многу од луѓето кои имаат склоност кон верување во теории на заговор се сметаат за критички мислители, мислители кои имаат повисоко ниво на сомнеж, иако фактички во основа тоа е една нагласена скептичност. Самите теории на заговор се интересни компензаторни механизми, се активираат во период кога луѓето се соочени со појави врз коишто немаат контрола и се разбира во оваа пандемиска ситуација тие секогаш гравитираат околу ковид. Значи тие се еден вид како анти-бајки за возрасни, затоа што ги има тие елементи на црно-бел свет во којшто другите се здружени против поединецот којшто има склоност да верува во теории на заговор… ,  вели Билјана Ѓонеска, научна соработничка вработна во МАНУ.

    Таа појаснува дека треба да се прави разлика дали еден исказ е обичен или сам по себе претставува теорија на заговор.

    Пример, да го земеме исказот: вирусот Сарс Ков 2 е произведен во лаборраторија. Сам по себе тој не значи ништо. Ако се додаде дека го произвеле во лабораторија некои научници со цел да се направат некакви штети на населението, да се намали бројот на населението, тоа е веќе елемент на теорија на заговор. Затоа што теоријата на заговор секогаш претполага дека некоја група поединци, моќници се состануваат во тајност и секогаш е тоа со некаква негативна намера цел да се наштети на поединецот

    Ако се каже екпертите велат дека вирусот Сарс Ков 2 е произведен во лаборраторија. Тоа е еден вид повикување на авторитети. Не е наведено кои се експертите, кога е тоа кажано, во каква прилика…. Има многу елементи кои дозволуваат оваа изјава да се расчлени и укажуваат дали ние критички сме ја примиле истата, додава Ѓонеска .

    Според неа постои голема пропорционална врска меѓу степенот на образованост и склоноста некритички да се примаат разни информации на кои сме изложени во секојдневието. Таа истакнува дека образованието и медиумите имаат важна улога во справувањето со дезинфомациите и теориите на заговор.

     

    ПАНДЕМИЈА НА КОВИД ДЕЗИНФОРМАЦИИ

    Истовремено со појавата на пандемијата со коронавирусот, почнаа да се шират и дезинформциите поврзни со ковид-19. Поради недоволно јасните и некохерентни информации од СЗО и затвореноста на Кина на почетокот на пандемијата, луѓето најпрво почнаа да се сомневаат дали вирусот воопшто постои. Потоа сметаа дека постои, но не е опасен, па дека не треба да се носат маски и дека со ПЦР тестот се оштетува мембраната на мозокот или се спроведува контрола врз населението. Се ширеа и штетни информации дека алкохолот го уништува вирусот, дека тоа е обична настинка, но и дека јадењето лук ќе ве спаси од инфекција. Сите овие тврдења СЗО ги демантираше.

    Сепак, година и половина подоцна дезинформациите не престануваат. Светот се вакцинира под силен притисок на антивакцинална кампања која е штетна и не се базира на медицински докажани тврдења. Лажно се посочува дека во вакцините има чипови, дека тие ја менуваат човековата ДНК, предизвикуваат неплодност и голем број други лаги чија основна цел е да предизвикаат сомнеж во вакцината

    Фондацијата „Метаморфозис“ преку проектот „Критинк“ во текот на целата пандемија ги следеше дезинформциите и ги разобличуваше со цел на граѓаните да им понуди релевантни факти за да не потпаднат под опасната пропаганда. Застапени беа дезинформации за самиот вирус, болеста ковид-19, но и антивакцинални наративи кои поттикнуваат сомнежи и ги тераат луѓето да не се вакцинираат.

    Владимир Петрески, уредник на „Критинк“ и на „Вистиномер“ вели дека и година и половина од пандемијта бројот на дезинформации не се намалува.

    Тоа што е зачудувачки е што нивото на дезинформации за ковид-19 сѐ уште е големо и имаме појава на репетиција на дезинформации. Значи имаме ситуација на дезинформации кои се веќе разобличени и нон стоп се повторуваат. Но, исто како што оние кои шират дезинформации знаат да ги повторуваат лагите, ние, исто така,  ја повторуваме вистината во надеж дека таа ќе стигне до што е можно повеќе луѓе, истакнува Петрески

    Д-р Адхурим Фазлиу,  од ЈЗУ Здравствен дом Скопје и член на Здружение на лекари специјализанти, вели дека во текот на пандемијата се појавија многу видови дезинформации кои беа пласирани од разни медиуми, но и од самите пациенти. Како вработен во Службата за брза помош, тој наидувал на граѓани кои ги прикриваат вистинските симптоми.

    При јавување во Брза помош кажуваа дека имаат други симптоми, а кога ќе се сретнат екипите на Брзата помош со пациентите нидуваа на сосема поинаква фактичка состојба – пациентите кријат дека одредено време имаат температура и други симптоми како кашлица, омалаксаност, исцрпеност…, посочува Фазлиу.

    Анализата на дезинформациите поврзани со ковид-19 во Северна Македонија на Фондацијата „Фридрих Науман“ и „Метаморфозис“ покажа дека е неопходно да се гради култура на критичко мислење и општествен дијалог на сите нивоа. Анализата спроведена на 479 антидезинформациски написи покажа дека 1 /3 е верзија којашто кружи низ целиот свет со главно потекло од САД, Русија и Кина. За жал медицинските власти често посочуваат дека фактор за смртност е што дел од пациентите предоцна бараат медицинска помош, зошто претходно губеле време со алтернативни пристапи како инхалации, горење темјан, пиење алкохол или гаргара со солена вода, лук или кромид, јадење зеленчуци и тревки.

     

     

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар