×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Празници се ближат: Како да ги поминеме безбедно и заштитени од ковид-19?

    15.12.2021 08:12 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    СЗО Европа има подготвено документ за интернационално патување во контекст на ковид -19. За празниците може да се патува, но носете маски, обезбедете си вакцинален сертификат и проверете ги барањата на земјата во којашто патувате, зашто тие се различни во секоја земја. Во моментот, според документот на СЗО, 50 земји од европскиот регион користат вакцинален сертификат како барање за интернационално патување. Триесет држави имаат и дополнителни мерки поврзани со патувањата, барања за тестирање, како и карантин за некои патници кои доаѓаат од странство. Како дополнение на овие мерки, земјите на аеродромите понекогаш бараат ПЦР тест или рапид тест, а само неколку признаваат серолошки тест. Центарот за контрола и превенција на болести во САД, објави препораки за тоа како да се заштитат граѓаните и на безбеден начин да ги прослават празниците, при што се советува што е можно поскоро да се прими вакцина против ковид-19

    Празници се ближат: Како да ги поминеме безбедно и заштитени од ковид-19? Фото: pixabay.com

    Пишува: Мирослава Бурнс

     

     
    Наближуваат празниците, а со нив и плановите за патување и собирите со и надвор од семејствата. Оваа Нова година се разликува од минатата во поглед на јавноздравствените и социјални превентивни мерки, коишто ги спроведувуа Северна Македонија, а разликата е очигледна – вакцината. Но, и покрај тоа што е почната вакцинацијата во земјава, вакциналниот опфат сè уште не е на посакуваното ниво од 80 или 90 проценти. Затоа, претставници на Светската здравствена организација предупредуваат дека социјалните мерки треба да се спроведуваат паралелно со вакцинацијата, тие имаат речиси подеднаква важност како и вакцината во успорувањето на растот на бројот на заболени.
     
    Техничкиот советник за здравсвена сигурност и итни програми на СЗО, Ихор Перехинетс вели дека со овие мерки може да се одложи ширењето на вирусот, но не и да се запре целосно.
     
    Јавноздравствените и социјални мерки се превентивни мерки, кои може да се спроведат од страна на индивидуи, општества и владини институции на национално и локално ниво за да се намали ширењето на ковид-19. Покрај вакцинацијата, владите имплементираат и превентивни мерки. Дел од нив се носење маска, проветрување на просториите и хигиена на рацете. Владите како превентивна мерка спроведуваат вакцинација, за да се мониторира и контролира ширењето на вирусот. Сето тоа се прави за да се зарамни кривата нa болеста и да има доволно болнички капацитети за третирање на оние на кои им е потребна хоспитализација. Имплементацијата на овие мерки ни дозволува да бидеме проактивни наместо реактивни. Внимателно дизајнираните социјални и јавноздравствени мерки го контролираат социоекономскиот импакт на болеста, изјави  деновиве (09.12.2021) доктор Перехинетс на онлајн сесијата на новинарите со претставници на СЗО за европскиот регион.
    Тој тогаш уште кажа дека овие мерки се ефективни и од огромна помош кога се комбинирани со вакцината.
    Вакцинацијата е критична за да биде под контрола пандемијата но и мерките се подеднакво важни. Веруваме дека ако овие мерки се планирани, менаџирани и спроведени со помош на медиумите и јавноста, може да избегнеме локдауни, можеме да ја изменаџираме ситуацијата без сериозни економски последици за популацијата. Пред една година имаше целосен локдаун на европскиот континент. Сè запре. Сега слушаме за социјално економските консеквенци од тоа за семејствата, заедниците и земјите. Затоа велиме дека ако можеме да ги искомуницираме овие мерки до јавноста можеме да избегнеме локдаун, бидејќи овие мерки не се еквивалентни на локдаун. Како што се приближуваат празниците, на пример Божиќ и Нова година луѓето ќе сакаат да патуваат и со новата варијанта би било добро да знаеме како да се однесуваме и каков ризик преземаме кога патуваме, кога среќаваме луѓе кога се собираме во затворени простории. Ако не сте вакцнинирани, може да направите проценка како да се однесувате, потенцира претставникот на СЗО за Европскиот регион.

     

    СЗО ЕВРОПА ПОДГОТВИ ДОКУМЕНТ ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ПАТУВАЊЕ

    СЗО Европа ги мониторира јавните мерки во сите земји и има пакет за интернационална кампања со цел државните власти подобро да комуницираат со јавноста. Има и алатка со која може да ги разгледате сите мерки во сите држави во европскиот регион.

    Покрај тоа, СЗО Европа има подготвено и документ за интернационално патување во контекст на ковид -19.

    За празниците може да се патува, но носете маски, обезбедете си вакцинален сертификат и проверете ги барањата на земјата во којашто патувате, зашто се различни во секоја земја. Во моментот, според документот на СЗО, 50 земји од европскиот регион користат вакцинален сертификат како барање за интернационално патување. Триесет држави имаат и дополнителни мерки поврзани со патувањата, барања за тестирање, како и карантин за некои патници кои доаѓаат од странство. Како дополнение на овие мерки, земјите на аеродромите понекогаш имплементираат и барање за ПЦР тест или рапид тест, а само неколку признаваат серолошки тест. Од 4 август 2021 година, 54 држави бараат ПЦР тест, 22 признаваат рапид антигенски тестови. Дополнително, на некои аеродроми може да бидете и предмет на тестирање. На почетокот некои држави бараа карантин за сите интернационални патници, за потоа да се промени политиката и да се бара карантин на патници само од некои региони обележани како региони со висок ризик.

     

    ЦДЦ ОБЈАВИ ПРЕПОРАКИ ЗА БЕЗБЕДЕНА ПРОСЛАВА НА ПРАЗНИЦИТЕ

    Центарот за контрола и превенција на болести во САД, објави препораки за тоа како да се заштитат граѓаните и како на безбеден начин да ги прослават празниците. Во препораките се вели да се земе вакцина најбрзо можно.

    Земете вакцина против ковид -19 што е можно поскоро

    Носете маска која ги прекрива носот и устата.

    Останете на растојание од метар и половина од другите.

    Одбегнувајте гужви и затворени простории со слаба вентилација.

    Тестирајте се за да се спречи ширење на други лица.

    Често мијте ги рацете со сапун и вода.

    Користете дезинфекциско средство ако не ви се достапни сапун и вода во моментот, се вели во препораките.

    Генерално, за да се овозможи побезбедно прославување на празниците, ЦДЦ препорачува да ги заштитите оние кои уште не можат да се вакцинираат како малите деца, на начин што возрасните ќе се вакцинираат. Маските треба да бидат складни на лицето, да го прекриваат носот и устата, особено кога сте во затворен простор и не сте вакцинирани. Дури и тие кои се вакцинирани, на затворено треба да носат маска особено во заедници со висока трансмисија.

    Надворешниот простор е побезбеден отколку внатре во поглед на трансмисија. Ако сте болни или имате симптоми, не одете на прослави. Имајте тестови од аптека за да проверите дали сте ковид позитивни пред да одите на прослава. Позитивниот тест значи дека имате инфекција и не треба да присуствувате на настани на затворено за да го редуцирате ризикот да заразите некој друг. Негативниот резултат на брз тест од аптека значи дека може да немате инфекција. Ако го повторите тестот за 24 часа, може да бидете поуверени дека не сте инфицирани, пишува во општите препораки на ЦДЦ.

    Ако планирате да патувате за празниците, Центарот за контрола и превенција на болести на САД препорачува да го одложите патувањето, ако уште не сте целосно вакцинирани. Носете маска во превозното средство и следете ги интернационалните препораки за патување, се вели во соопштението.

    Особено индивидуалните превентивни мерки треба да се зголемат, ако на собирот има лица од повеќе различни семејства. Тогаш се препорачува тестирање пред присуство и носење маски. Посебно ова би ги заштитило луѓето кои имаат сериозни медицински состојби, или пак, земаат лекови коишто го ослабуваат нивниот имун систем.

    Ако работиме заедно, може да уживаме во побезбедни празници, патувања и да ги заштитиме нашето здравје како и здравјето на нашите семејства и пријатели, апелираат од ЦДЦ.

    Американските држави веќе објавуваат и посебни препораки за секоја држава посебно за безбедно патување и дочек на празниците. На пример, препораките на Јута, може да ги погледнете на следниот линк. 

    Генерално, се препорачува помал број гости, растојание во просториите, носење маска, земање на податоци на гостите во случај подоцна да треба да ги контактирате ако некој развие симптоми, да не се служи храна со самопослужување и постојано да се мијат рацете. Собирите и патувањата не се забранети, но доколку не се почитуваат некои општи правила за однесување, дистанца и доколку траат временски предолго и се со огромен број луѓе, овие собири претставуваат поголем ризик за трансмисија на ковид 19.

     

     

     


    Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар