×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вакцините против ковид-19 не се ,,лажни” и не се услов да се задржи работното место

    09.02.2022 09:43 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Не само што е дезинформација дека граѓаните ќе мора да примат меѓу 2 и 4 „лажни вакцини“, а во спротивно ќе загубат работно место, како што се тврди во постот, туку во Северна Македонија повеќе од половина од населението нема примено ниедна вакцина! Камоли две или четири. Во С. Македонија, никој не принудува никого да се вакцинира. Вакцината против ковид-19 е доброволна и се дава писмена согласност пред да се администрира на кого било во здравствените вакцинални пунктови. Теоретичарите на заговори, од почетокот на вакциналната кампања се насочени кон пласирање вакви и слични нелогичности и тези кои немаат втемеленост во реалноста. Наративот дека нов светски поредок сака да воведе доминација врз населението има за цел да се обесхрабрат  граѓаните од вакцинацијата која спасува животи, спречува тежок тек на болеста предизвикана од коронавирусот и може да спречи појава на нови поопасни соеви

    Вакцините против ковид-19 не се ,,лажни” и не се услов да се задржи работното место Фото: pixabay.com

    Рецензираме пост на Фејсбук во којшто ковид се нарекува „приказна која почнала да се распаѓа“. Во постот се вели:

    Приказната за Ковид почна да се распаѓа кога подзаспаните хомо сапиенси сфатија дека ќе примаат 2-4 лажни вакцини годишно или во спротивно ќе немаат работа. Новиот Светски Поредок ептен избрза со своите зли планови. Така да народот почна да станува повнимателен и поколеблив…

    Во овој пост се изнесени неколку неточни тврдења.

    Прво, се вели дека пандемијата е приказна, се минимизира опасноста од пандемијата, па и воопшто нејзиното постоење, за таа да се доведе до ниво на измислица. А, ваков наратив се користи без фактичка издржаност. Второ, се вели дека луѓето треба да примат две до четири „лажни вакцини”. Арно ама,  вакцините не се лажни. Трето, се вели дека невакцинираните ќе немаат работа. И ова не е точно.

    Образложението за вистинитоста на пандемијата може да се поткрепи со повеќе факти. Прво, уште на 7 јануари 2020 година коронавирусот беше идентификуван од кинеските власти.

    Потоа неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Самата Светска здравствена организација потврдува дека вирусот е изолиран на овој датум и во следното известување. Ова изолирање содржи инструкции за создавање на вирусните протеини, кои се основа за вакцините на „Фајзер“ и  на „Модерна“.

    Вакцините имаат точно определен и јавно познат состав којшто доаѓа во упатствата за користење во секоја држава во светот. Целиот свет се вакцинира со истите вакцини. Тие вакцини се испитани, одобрени, проверувани од медицинските агенции за контрола на квалитетот, имаат сертификати од независни лаборатории, за што веќе пишувавме на „Вистиномер“.

    Теорија на заговор е да се тврди дека буквално целиот свет се собрал и се договорил да нарачува преку владите на сите светски држави, таканаречени „лажни вакцини”. Вакцините против ковид-19 имаат зад себе фармацевтски гиганти кои ги изработуваат, како и сложен процес за чување дистрибуција и транспорт за да се задржи студениот синџир. Доколку вакцините беа лажни, некој во светот тоа би го открил со докази. Зошто? Затоа што при влез во секоја држава, за вакцините се проверуваат сертификатите за безбедност, сертификатите за анализа, се пуштаат мостри во Институтот за јавно здравје, се прегледуваат стручни мислења од други надлежни институции и откако ќе се соберат сите овие документи во Агенцијата за лекови, се доаѓа до одлуката дали вакцината е безбедна и дали може да се пушти во промет. Во С. Македонија, Агенцијата за лекови и медицински средства, МАЛМЕД, има формирано и работна група којашто работи 24 часа во денот, бидејќи во ковид пандемијата, се случувало вакцини да пристигнат и да треба да се примат и после полноќ и во четири часот наутро. Во земјава се администрираат 5 видови вакцини и за секоја од нив составот е точно наведен во упатството за користење, кое е јавен документ и може да се погледне овде за сите пет типови вакцина.

    Во текот на пандемијата, различни соеви на коронавирусот ја менуваа епидемиолошката слика во државите и така се менуваше и бројот на заразени и починати, меѓутоа заедничко за сите соеви беше тоа дека одзема животи, дека окупираше болнички капацитети и дека предизвика последици по здравјето, економијата и сите животни процеси во општествата. Социјализацијата на луѓето се намали, се промени начинот на патување.

    Во С. Македонија, никој не принудува никого да се вакцинира. Вакцината против ковид-19 е доброволна и се дава писмена согласност пред да се администрира на кој било од здравствените вакцинални пунктови. И покрај тоа што нашата држава води една од најлибералните политики за вакцинација во светот, каде вакциналната кампања е сведена на ниво на апели, а не на принуда, одредени антивакцинални кругови од почетокот на вакциналната кампања прават напори да ја окарактеризираат истата како репресивна или дека некој ги принудил да се вакцинираат.

    Тоа не е точно! Доказот лежи и во официјалните податоци за вакцинирани граѓани од статистиките кои ги води Институтот за јавно здравје. Заклучно со 29 јануари 2022 година вакцинирани се вкупно 866.227 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 842.917 лица, а со трета доза се вакцинирани 128.268 лица.

    Значи, не само што е дезинформација дека граѓаните ќе мора да примат меѓу 2 и 4 „лажни вакцини“, а во спротивно ќе загубат работно место, туку во земјава повеќе од половина од населението нема примено ниедна вакцина! Камоли две или четири. Работното место не е врзано за вакциналниот статус, барем во нашата држава. Да се тврди дека некој ќе нема работа ако не прими 2 до 4 лажни вакцини годишно, е манипулација. Зошто некој би сакал да го вакцинира населението со лажни вакцини, а во спротивно да му го одземе работното место? Која е економската, здравствената логика во ова?

    Теоретичарите на заговори, од почетокот на вакциналната кампања се насочени кон пласирање вакви и слични нелогичности и тези кои немаат втемеленост во реалноста. Наративот дека нов светски поредок сака да воведе доминација врз населението, е само начин на којшто се прави обид граѓаните да се обесхрабрат од вакцинацијата која спасува животи, спречува тежок тек на болеста предизвикана од коронавирусот и може да спречи појава на нови поопасни соеви.

    Поради сите горенаведени факти оценуваме дека е дезинформација оти „вакцините се лажни и кој нема да ги прими ќе загуби работно место”.

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар