×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Австралија не се случија ниту „огромни протести“, ниту „револуција“

    26.08.2021 08:46 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Австралија, според Worldmeters, има 25.836.750 жители. Во сите четири градови заедно, каде имаше протести, според полициските податоци, излегле 10.500 граѓани. Најголем број на граѓани – околу 4.000, имало на протестите во Мелбурн, град со 4,2 милиони жители. Во најголемиот град во државата, Сиднеј, кој има 4,6 милиони жители, протестирале 3.500 граѓани, 2.000 во Бризбејн и 1.000 во Перт. Така што, протестите не биле огромни, како што се прикажува во постот. Исто така, тврдењето дека e „започната револуција“ е далеку од реалноста, бидејќи на протестот не беа изнесени политички барања и не се бараше промена на власта. Демонстрантите со извиците „слобода“ бараа укинување на полицискиот час и на рестриктнивните мерки

    Во Австралија не се случија ниту „огромни протести“, ниту „револуција“

    Во Фејсбук пост е споделено видео од протестите во Австралија, со краток опис:

    Огромни анти-ковид протести во Австралија. Народот излезен на улица во огромна бројка а полицијата на нив со водени топови и гумени куршуми.

    Дефинитивно е започната револуција низ целиот свет за целата лага во врска со Ковид 19.

    Прво, постот којшто е многу вирален – досега (24.08.2021) има 9.700 прегледи, 3.900 споделувања и 860 коментари – тврди дека граѓаните излегле на револуција против „целата лага во врска со ковид-19“. Но, луѓето кои излегоа на протести во Австралија протестираа против строгата блокада и полицискиот час, кој во дел од најголемиот австралиски град, Сиднеј, трае повеќе од два месеца. Светските медими пренесуваат изјави на австралиската власт, која оценува дека седењето дома и вакцинирањето се мерки што даваат резултати. Австралија, во целиот период на пандемијата од година и пол, има регистрирано 43.000 случаи на ковид-19 и 978 смртни случаи.

    Второ, за да се каже дека се тоа огромни простести, треба да се има предвид големината на земјата и градовите на протести, која е илустративна сама по себе. Според Worldmeters, Австралија има  25.836.750 жители (состојба со 23.08.2021). Во сите четири градови заедно, каде имаше протести, според полициските податоци излегле 10.500 граѓани. Најголем број на граѓани – околу 4.000, имало на протестите во Мелбурн, град со 4,2 милиони жители. Во најголемиот град во државата, Сиднеј, кој има 4,6 милиони жители, протестирале 3.500 граѓани, 2.000 во Бризбејн и 1.000 во Перт.

    Гардијан, во извештајот за протестите, пренесува изјава на министерот за внатрешни работи на Нов Јужен Велс, Дејвид Елиот, кој најавува дека се насочени кон „идентификувација на секој од 3.500 демонстранти“ во Сиднеј.

    И трето – тврдењето дека започнува револуција е далеку од реалноста, бидејќи на протестот не беа изнесени политички барања и не се бараше промена на власта. Демонстрантите со извиците „слобода“ бараа укинување на полицискиот час и на рестриктнивните мерки.

    Според медиумскиот извештај, анкетата на агенцијата за истражување на пазарот „Utting Research“ покажа дека само 7 отсто од Австралијците ги поддржуваат често насилните протести (анкета спроведена на крајот на јули).

    Од почетокот на пандемијата Австралија применува строги и рестриктивни мерки, што, според оценките, се клучни за успехот во борбата против коронавирусот и ниските бројки на заболени. Сепак, голем предизвик е четвртиот бран на инфекцијата, што почна од Сиднеј во средината на јуни.

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар