×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хигиеничари на лондонска железничка станица не се фотографирале за да инсценираат лажна пандемија

    16.08.2021 11:18 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Овој пост е со испуштен контекстот, односно со ненаведување на информации и нивно намерно или ненамерно прикривање, во јавноста се креира сосема погрешна слика. Објавата дезинформира дека хигиеничарите на железничка станица во Велика Британија се преправаат дека нешто работат, за да предизвикаат страв и за да добијат публицитет во медиумската кампања за заплашување на граѓаните дека постои пандемија од ковид-19. Од компанијата одговорна да ја чисти станицата за „Ројтерс“ изјавиле дека вработените со работниот договор се обврзани да се фотографираат за да се валидира дека ја завршиле нивната работна задача

    Хигиеничари на лондонска железничка станица не се фотографирале за да инсценираат лажна пандемија

    Рецензираме пост на Фејсбук, во којшто е споделено видео од лица кои дезинфицираат јавен простор, односно железничка станица во Велика Британија. Според наведеното во постот, тие тоа го прават само за пред камера, односно се фотографираат за да бидат забележани од медиумите, а не зашто навистина го дезинфицираат и чистат просторот облечени во скафандери. Постот има 17 споделувања и 65 реакции.

    Зошто сте облечени вака, само за да се сликате за пред медиумите? Не ни чистите не правите ништо, сè што правите е да се фотографирате. Зошто го правите тоа?, прашува снимателот кој со мобилен телефон ја направил виралната снимка која стигна и до кај нас.

    Човекот ги обвинува лицата одговорни за чистење на железничката станица дека „глумат“ какво било работење и дека сето тоа е за да добијат публицитет во медиумската кампања за заплашување на граѓаните дека постои пандемија од ковид-19.

    Но, ова не е вистина. Работодавачот на работниците изјавил за „Ројтерс“, дека со нивниот договор за вработување тие се задолжени да фотографираат кога ќе завршат со чистење и дезинфекција на некој простор во железничката станица и тоа со датум и време на фотографијата. Токму затоа и се сликаат во случајов – за да покажат дека ја комплетирале работната задача.

    Настанот е снимен на Финсбури Парк станицата. Едниот од вработените е облечен во целосно одело за заштита, односно скафандер и личи дека позира додека втората личност го фотографира.

    Постот, всушност, поради недостаток на контекст и информации, дезинформира дека хигиеничарите се преправаат дека нешто работат за да предизвикаат страв, а наводно не работат ништо.

    Компанијата одговорна да ја чисти станицата, „Черчил Груп“, за „Ројтерс“ изјавила дека вработените со работниот договор се обврзани да се фотографираат со времето и датумот на фотографијата за да се валидира дека ја завршиле нивната работна задача.

    Ова го потврдиле и од „Говиа Тејмслинк Реилвеј“, компанија одговорна за областа каде е снимено видеото во железничката станица.

    Фотографии со времето и датумот на чистењето во прогрес, се земаат за да се конфирмира присуството и исчистените локации, изјавил портпаролог на „Говиа“ преку мејл за „Ројтерс“.

    Според ,,Черчил груп” снимката е направена на 13 јули и двајцата вработени само неколку минути претходно ја комплетирале оваа област со чистење.

    Го исчистивме просторот кајшто се издаваат билетите и чекавме да биде без посетители за да се направат фотографиите со комплетираните задачи, изјавиле оттаму за „Ројтерс“.

    Од овие факти може да се заклучи дека овој пост е со испуштен контекстот, односно со ненаведување на информации и нивно намерно или ненамерно прикривање, во јавноста се креира сосема погрешна слика.

     

     

     

     

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар