×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Целта на вакциналниот пасош не е контрола на граѓните

    Целта на вакциналниот пасош не е контрола на граѓните

    Според стручната јавност најважната цел на вакциналниот пасош е да се зголеми бројот на граѓани кои ќе примат вакцина, што пак, ќе доведе до колективен имунитет. Друга важна работа што ја овозможуваат вакциналните пасоши е да не се дозволува мешање меѓу вакцинирани и невакцинирани на затворен простор, со што се спречуваат нови инфекции. Наспроти тоа што се тврди во постот дека вакциналните пасоши ќе бидат за контрола на населението, тие, всушност, дозволуваат поголема слобода во патувањето, посетување на разни настани и придонесуваат што поголем број на граѓани да се вакцинираат, со главна цел колективен имунитет со 90 проценти вакцинирано население

    Не се создава ,,ковид облак” од авион во лет

    Не се создава ,,ковид облак” од авион во лет

    Белата трага, што ја оставаат авионите во воздухот, се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Зависно од висината на која се наоѓа авионот, температурата и влагата на атмосферата, контрејлс може да варираат во дебелината и времетраењето во кое се појавуваат. Тврдењето во постот дека авионот остава зад себе ковид облак е бесмислено, затоа што вирусот се пренесува на растојание помало од два метра преку капките од носот и устата, преку зборување, кашлање, пеење.  Сосема е неверојатно намерно да се шири вирусот преку фрлање опасни раствори од огромна височина 5 или 10 илјади метри!

    Не е вистина дека најсилниот човек на светот е убиен со вакцина

    Не е вистина дека најсилниот човек на светот е убиен со вакцина

    Целото тврдење дека вакцината го убила Данецот Џорџ Олесен е манипулација. Да, тој бил вакциниран, но во постот е испуштено да се каже дека се соочувал со други здравствени проблеми повеќе години наназад. Исто така, Олесен не е сегашен, туку поранешен најсилен човек на светот. Кога починал имал 60 години, а дански шампион во супертешка категорија во кревање тегови станал во 1983 година

    Вакцинираните не се измамени, тие се заштитени од коронавирусот

    Вакцинираните не се измамени, тие се заштитени од коронавирусот

    Наспроти тврдењата искажани во постот, фактите говорат дека  вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи. Дури 75 отсто од починатите од компликации од ковид-19 во земјава се невакцинирани лица. Оние кои починале и покрај двете дози вакцина, имале сериозни здравствени проблеми и низа коморбидитети. Токму затоа Националниот комитет за вакцинација даде препорака да се прими трета доза вакцина или популарно наречена бустер доза, која е од клучно значење за постарите лица и за лицата со  коморбидитети

    Шведски лекар лажно тврди дека вакцината на „Фајзер“ содржи живи микроорганизми

    Шведски лекар лажно тврди дека вакцината на „Фајзер“ содржи живи микроорганизми

    Во видеото споделено во постот, шведскиот лекар д-р Енби, кому му била одземена медицинската лиценца во 2007 година,  прикажува фотографии на својот компјутер за кои тврди дека се микроскопски приказ на вакцината „Фајзер“,  а честичките што се движат на екранот, наводно, се живи микроорганизми. Составот на вакцината на „Фајзер“ е јавно достапен и може да се види дека вакцината не содржи живи организми, туку само хемиски компоненти кои го поттикнуваат човечкото тело да произведува антитела против ковид-19. Д-р Амеш Адаља, виш научник во Центарот за здравствена безбедност „Џон Хопкинс“, е категоричен  дека не е можно вакцините да содржат живи паразитски агенси 

    Од запрашување со авиони не расте бројот на ковид позитивни

    Од запрашување со авиони не расте бројот на ковид позитивни

    Конспиративните теории поврзани со „кемтрејлс“ се  категорично отфрлени од научната заедница и истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти. Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Тврдењето во постот дека после секое прскање од авиони се зголемува бројот на заразени од ковид-19 е бесмислено, затоа што вирусот се пренесува на растојание помало од два метра преку капките од носот и устата, преку зборување, кашлање, пеење.  Сосема е неверојатно намерно да се шири вирусот преку фрлање опасни раствори од огромна височина 5 или 10 илјади метри!

    Не наседнувајте на антиваксерски повици да не се вакцинирате

    Не наседнувајте на антиваксерски повици да не се вакцинирате

    Извештаите од Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот во државата потврдуваат дека најзагрозени од коронавирусот се токму невакцинираните лица. Помеѓу починатите има и вакцинирани и тоа никој не го негира. Ниту една од одобрените вакцини не заштитува 100 проценти, но тоа не значи дека тие се неефикасни или дека тие се причина за смртност. Во објавата, исто така, без никаков доказ паушално се тврди дека „многу доктори се осмелиле да ја кажат вистината дека смртноста од вакцините очигледна“. Но, не се кажува  кои се тие доктори, од каде се,  ниту пак, е објаснето како дошле до наводната вистина

    Ковид-19 постои и е сурова реалност

    Ковид-19 постои и е сурова реалност

    Коронавирусот е изолиран во лабораторија со што се докажува неговото постоење. Светска здравствена организација потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година во Кина. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата  надмина 200.000, а бројот на  починати е погвеќе од 7.000. Во јавноста сè почесто излегуваат и семејствата на починатите, кои сведочат дека нивните блиски починале како последица на ковид, а ваквите сведочења не може да се побијат. Особено, затоа што постои медицинска историја од хоспитализацијата на пациентите и параметри кои укажуваат на клиничка слика од ковид, некарактеристична за други болести

    Вакцинираните со кинески вакцини и руската Спутник „заглавени“ на патот кон европските земји

    Вакцинираните со кинески вакцини и руската Спутник „заглавени“ на патот кон европските земји

    Повеќе од половина од целосно имунизираното население во земјата, поточно 411.171 лица се вакцинирни со кинеските вакцини „Синовак“ и „Синофарм“ и со руската „Спутник В“. Сега, овие граѓани – вакцинирани со некоја од споменатите три вакцини кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), се соочуваат со ограничувања при патување во странство. Вакциниранираните со „Синовак“ ,„Синофарм“ и „Спутник В“,  дури и ако го примат бустерот на „Фајзер“, ќе наидат на рестрикции и карантин за влез во повеќето европски земји, кои ги уважуваат единствено вакцините признаени од ЕМА – „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Модерна“, па за целосно имунизирани ги сметаат само оние со примени две дози од овие вакцини

    Не е точно дека вакцинираните имаат 99 проценти шанса да заболат од ковид

    Не е точно дека вакцинираните имаат 99 проценти шанса да заболат од ковид

    Невистинито е тврдењето во постот дека ефикасноста на вакцините е само околу 1 процент зависно од производителот и дека шансите да заболите од ковид, ако сте вакцинирани се 99 проценти. Релативното и апсолутното намалување на ризикот се два параметри кои се калкулираат на различен начин. Во поглед на тоа како вакцината ја афектира популацијата, овие две мерки се комплементарни (значи се надополнуваат), а не контрадикторни (значи не се спротивставени една на друга)

    Вакцината против ковид не е генетска терапија, не ја менува човековата ДНК и не содржи луцифераза

    Вакцината против ковид не е генетска терапија, не ја менува човековата ДНК и не содржи луцифераза

    Зборот луцифераза има корен во латинскиот збор „Луцифер“, што значи осветлен. Иако ензимот луцифераза има слично име со „ѓаволот“- олицетворението на злото во многу религиозни приказни, единствената конекција меѓу луцифераза и „Луцифер“ е во коренот на нивните имиња. Не е вистина дека вакцините се генетска терапија. Вакцините се испитани, имаат поминато сеопфатни испитувања на репрезентативен примерок и се одобрени од многу медицински агенции и тела. Присуството на липидните наночестички во ковид вакцините не значи дека тие во себе може да содржат роботи или компјутери. Во овој случај, изразот „наночестички“ се однесува на многу ситни липидни капки, коишто ја транспортираат вакцината и ги штитат вакциналните компоненти

    Не е точно дека во ковид болниците се убиваат здрави луѓе

    Не е точно дека во ковид болниците се убиваат здрави луѓе

    Според анализите на Министерството за здрваство, починатите од ковид-19 имале повеќе комбинирани хронични заболувања, така што не биле ,,здрави” како што лажно се тврди во овој пост. Медицинските белешки, историјата на лекувањето на пациентите во здравствениот систем, со години наназад се следи во досие кое е електронско. Секојпат кога лекарот ќе го испише матичниот број на пациентот, во компјутерскиот систем може да пристапи до неговите поранешни состојби, коморбидитети, причините поради кои во минатото барал лекарска интервенција. Исто така, самата хоспитализација бара пациентот да има индикација за да биде примен на болничко лекување. Не може само да се отиде во болница, без никаква причина и да се заврши во болнички кревет. Никој здрав не оди да биде хоспитализиран во болница!

    Од корона не умираат само вакцинирани лица, 75 отсто од починатите се невакцинирани

    Од корона не умираат само вакцинирани лица, 75 отсто од починатите се невакцинирани

    Со овој мнипулативен пост се споделени две фотографии од медиумски објави од соопштението од Министерството за здравство, а на една од фотографиите може да се прочита и вистинската информација, а тоа е дека 75 отсто од починатите се невакцинирани. Според податоците од Министерството, сите починати, а вакцинирани, биле хронично болни со една или повеќе болести, а само еден пациент немал хронични болести, но имал 80 години. Се работи за постари лица кои најчесто биле со кардиолошки и белодробни заболувања, дијабет и малигни заболувања

    Дезинформација е дека скринингот на учениците е вовед во присилна вакцинација на децата

    Дезинформација е дека скринингот на учениците е вовед во присилна вакцинација на децата

    Постот што го анализираме шири дезинформации. Тврдењето дека децата насилно ќе бидат вакцинирани е неосновано и без никакви докази. Вакцинацијата на децата е доброволна и исклучиво со одобрение на родителите

    Дејвид Ејмес не е убиен зашто бил против вакцините

    Дејвид Ејмес не е убиен зашто бил против вакцините

    Убиството полицијата не го поврзува со политичките афилијации на пратеникот, ниту, пак, со неговите политики во врска со ковид, кои, патем, не биле целосно спротивни на вакцините со оглед на тоа што поддржал ограничување на движењето на невакцинирани во одредени ситуации. Мотивите за убиството се терористички и на ниеден начин не се доведени во корелација со некакви ,,сатанисти” кои ги убиваат сите кои се против вакцините и ковид пасошите. Всушност, полицијата уште веднаш напомена дека никој, освен осомничениот, кој, пак е веќе приведен – на 25 годишна возраст со британска адреса на живеење, а по потекло од Сомалија, не се товари за ова грозоморно убиство, од што произлегува дека има само еден сторител, а не повеќемина

    Скринингот во училиштата нема за цел да ги убие децата

    Скринингот во училиштата нема за цел да ги убие децата

    Пандемијата од коронавирусот не е измислена, таа е реална а тоа го покажуваат бројките на новозаразени и починати од вирусот. Тестовите со кои се детектира присуство на коронавирусот не се ништо друго освен стапче на чиј врв има памук со кој се зема брис од грло и нос. Овие тестови се безбедни и во никој случај не можат да ви наштетат. Земањето брис не е ништо ново. Скринингот во училиштата има за цел да покаже колкава е трансмисијата на вирусот, а не да ги убива децата, како што се тврди во постот. Тестирање врз учениците се прави во повеќе европски држави