×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Општина Охрид додели простории за дневен центар за децата со церебрална парализа

    18.03.2022 10:12 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    ВЕТУВАЊЕ: Доделување простор за изградба на дневен центар за децата со церебрална парализа.

     

    Општина Охрид додели простории за дневен центар за децата со церебрална парализа Фото: pixabay.com

    [Извор: Охриднет – „На Охрид му е потребен Дневен центар за деца со церебрална парализа“; Датум: октомври 2021]

    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

    Ветувањето на охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков за доделување простор за изградба на дневен центар за згрижување на децата со церебрална парализа,  е исполнето. Општината деновиве (15.03.2022) додели простор во поранешната охридска касарана кој треба да биде адаптиран во центар за згрижување на деца со церебрална парализа.

    За време на кампањата за локалните избори (октомври 2021), Пецаков на  средба со родителите и претставниците на Здруженија за подобрување на квалитетот на живот на децата со церебрлна парализа, ветил дека ќе  биде доделен простор за изградба на дневен центар за децата со церебрална парализа.

    Во јануари годинава тој тоа го потврди и во изјава за порталот „Охриднет“:

    Како локална власт ќе направиме сè за подобрување на условите на живот на децата со церебрална парализа. Ќе доделиме простор за изградба на Дневен центар за згрижување и анимација на децата со церебрална парализа.Тие простории ќе бидат во поранешната касарна.

    На почетокот на март Предлог-одлуката за доделување на простор за изградба на дневен центар за децата со церебрална парализа, беше ставена на дневен ред, како седма точка на деветтата  седница на Советот на Општина Охрид.

    Принтскрин од Решението за свикување седница на Советот на Општина Охрид

    Советот на Општина Охрид на 15 март,  едногласно ја усвои Предлог одлуката за доделување на простор за формирање на центар за церебрална парализа.

    Веста за тоа ја објави и градоначалникот Пецаков на својот официјлен Фејсбук профил.

    Советот на Општина Охрид на денешната седница едногласно ја усвои иницијативата за отстапување на простор за изграбда на Дневен центар за деца со церебрална парализа. Просторот за оваа намена е предвиден во поранешната касарна. Децата со церебрална парализа досега немаа Дневен центар, а родителите со години бараа простор за негова адаптација за згрижување и анимација на оваа категорија деца, напиша Пецаков.

    „Вистиномер“ пред два месеца пишуваше за проблемите со кои се соочуваат децата со церебрална парализа од Охрид – исклучени од образовниот процес и општествениот живот, затворени во своите домови. Родителите на овие деца се пожалија дека со децении бараат од локалната самоуправа да им додели простор за да може да се изгради соодветен дневен центар за згрижување, нега и анимација на оваа категорија лица. 

     

    ИЗВОРИ:

     

    Оцени: Соња Рилковска

     

     

     


    Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk