×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Раководните функции во Југозападниот регион „резервирани“ за мажи

    02.11.2021 17:00 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Југозападот сè уште не е доволно „зрел“ да прифати зголемување на политичкиот ангажман на жените.Три децении од осамостојувањето до денес, во општините од Југозападниот регион немало ниту една градоначалничка. Ако се погледне менаџирањето во вкупно шест јавни претпријатија во Охрид, само две се управувани од жени. Струга има четири јавни претпријатија, но само со едно од нив раководи жена. Во струшкиот регион има и четири јавни здравствени установи, ама со нив раководат исклучиво мажи

    Раководните функции во Југозападниот регион „резервирани“ за мажи Фото: piqsels.com

    Пишува: Соња Рилковска

     

    Последниве неколку години се бележи одреден напредок во поглед на родовата еднаквост, но сè уште сме далеку од европската слика на ова поле. Иако се прават чекори за поголема вклученост на жените во политичкиот живот на локално и на нациоанлано ниво, сепак тоа не е доволно.

    Забележливо е, на пример, дека на советничките листи во Југозападниот регион жените се застапени најчесто во законските квоти, но поретко се носители на листата. Се добива впечаток како лидерството природно да им припаѓа на мажите. Три децении од осамостојувањето до денес, во општините во Југозападниот регион немало ниту една градоначалничка.

     

    ЖЕНИТЕ СЕ ПРОБИВААТ ВО ПОЛИТИКАТА, НО ТЕШКО ДОБИВААТ ФУНКЦИИ

    Југозападот сè уште не е доволно „зрел“ да прифати зголемување на политичкиот ангажман на жените. Па, иако се застапени во политиката, жените поретко добиваат раководни функции. Ако се погледне менаџирањето со јавните претпријатија во Охрид – вкупно шест, само две се управувани од жени. Се чини како жените да имаат нешто повеќе „предност“ во раководењето на образовните институции. Со седум, од вкупно 12 основни и средни училишта во градот, раководат жени.

    Можам да кажам дека доминантна предност имаше жената во раководење со образованите институции. Но, забележително е што изминативе години во регионот немало ниту една жена кандидат за градоначалник. Од друга страна, позитивно е што имавме жена претседателка на Советот во општина Охрид што може да се каже дека е некаков напредок. Ова е една добра основа во иднина да има повеќе носители на јавни функции жени, пратенички, советнички, вели граѓански активист, м-р Весна Цветаноска.

    Во Струга има четири јавни прептијатија, но само со едно од нив управува жена. Во струшкиот регион има и четири јавни здравствени установи, ама со нив раководат исклучиво мажи.

    Работите се поместуваат, но мора да се признае дека Југозападниот регион во земјава сè уште не е доволно подготвен да има жена на некоја висока функција. Мислам дека треба време за да се промени менталната матрица и да се докаже дека жените се еднакви со мажите и дека во многу случаи се покажале како многу поквалитетни менаџери, додава Цветаноска .

    Овогодишниот Извештај на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, во однос на унапредување на положбата на жените во земјата и родовата еднаквост, останува со истите препораки.

    Националниот индекс за родова еднаквост, кој беше објавен за првпат во 2019 година како клучен показател за мерење на еднаквоста на граѓаните, сè уште не е ажуриран (променет). Потребно е подобрување на капацитетите на релевантините институции и нивна заедничка координација за правилна анализа на родовата застапеност, стои во Извештајот.

    Во овој документ, исто така, се наведува дека:

    Министерството за труд и социјална политика продолжи да инвестира во заедницата за поддршка на жртвите на родово базирано насилство, но потребно е да се зајакнат и капацитетите за да се исполнат стандардите на Истанбулската конвенција.

    И последната анализа на „Реактор“ покажа родова нееднаквост, како и потценување на жената во домот и семејството. Во просек, жените во земјава извршуваат 72,5 отсто од неплатениот труд во домот, додека придонесот на мажите едвај надминува една четвртина од вкупниот обем на работа. На дневна основа, жените, во споредба со мажите, трошат 18 пати повеќе време за миење садови, 12 пати повеќе време за чистење, деветпати повеќе време за готвење и трипати повеќе време за грижа околу децата, се вели во студијата на „Реактор“.

    Оваа анализа  ја потврдува стереотипната родова поделба и покажува дека во просек мажите трошат повеќе време на платена работа (вработување), додека жените посветуваат повеќе време на неплатена работа, односно „натоварени“ со обврските во домот.

     

     

     


    Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар