Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Крива Паланка ќе ги зарадува првачињата со повеќе подароци за среќен почеток на учебната 2023/24 година.
Секое прваче ќе добие по 3000 денари, како и и училишен прибор, обезбедени од буџетот на општината.
Дополнително, за сите првачиња се обезбедени училишни ранци со училишен прибор од познатиот бренд "Таргет", како донација од локална фирма.
„Се грижиме за нашите најмлади, инвестираме во дечињата, во првачињата, иднината на општината“, вели градоначалникот Сашко Митовски.
Финанасиската поддршка за учениците почетници е воведена од минатата година на иницијатива на градоначалникот. За оваа намена во 2022 година биле издвоени 423.000 денари.