Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Северонисточниот дел на нашата земја само во инфраструктурни проекти, односно во патната и железничката инфраструктура, реализираме проекти што се во вредност од околу 700 милиони евра, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи при посетата на изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, заедно со вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
„Меѓу проектите се изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија, рехабилитацијата на патот Куманово - Страцин, проширувањето на патот од Крива Паланка до Деве Баир, како и споменатиот експресен пат“, посочува Битиќи.
Тој потенцираше дека изградбата на модерна, сигурна и квалитетна инфраструктура е на врвот на приоритетите на Владата и токму затоа се реализираат и планираат низа на проекти во патната, железничката и енергетската инфраструктура.
„Со тоа ќе се овозможи поквалитетно поврзување со соседните земји, но и внатрешно поврзување помеѓу градовите во Северна Македонија, што ќе придонесе за рамномерен регионален развој“, рече Битиќи.
(Ж.Ц.)