×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Алтернативните простори се инспирација за нови културни димензии во Крива Паланка

    14.10.2022 11:04 | Жаклина Цветковска

    Крива Паланка има неколку соодветно уредени простори за културни настани, но недостасуваат алтернативни места каде ќе се одвиваат поразлични форми на уметничко изразување и презентирање. Главно недостасуваат мали сцени за камерни настани и за мултимедијални проекти, а има потенцијали одредени постоечки локации да се преобликуваат и уредат во нови алтернативни простори за културни содржини.

    Алтернативните простори се инспирација за нови културни димензии во Крива Паланка

    Ова е главниот заклучок од јавната дебата посветена на изнаоѓање алтернативни простори за културни настани во Крива Паланка, одржана во Градскиот музеј, во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности.

    „Обично авангардата и алтернативната култура е поразвиена во малите средини, отколу во големите центри, но во Крива Паланка тоа се одвива бавно. Со развојот на цивилизацијата и општеството, секако дека се случуваат промени и во културата и мора да го менуваме концептот како на културните настани, така и на јавните простори каде ќе се одвиваат овие активности. Kултурата може да најде катче на било кое место, секако тоа да биде во согласност со урбанистичкиот план, но и да се даде слободата на уметниците“, истакна Ѓорги Костовски, историчар на уметност и фотограф, кој беше еден од панелистите на јавната дебата.

    Прифатено е мислењето дека јавните простори се идентитет на градот кој рефлектира како функционираат луѓето, додека ,пак, алтернативната култура и сцена се тие што инспирираат нови уметнички димензии и се клучен елемент за развојот на културата.

    „Од јавните простори на секое место дознаваме за историјата и социо-општествените случувања во минатото и во современоста. Тие не само што се условени од урбанистичкото планирање и урбаниот дизајн, туку ги рефлектираат и диктираат и општествените и социјални промени. Трансформацијата на јавните простори ќе ги рефлектира денешните размисли за инклузивност, рамноправност, одржливост, циркуарни економии. Во тој контекст, алтенативните постори се секогаш инпсирација за нови културни настани, за едукација на граѓаните и насочување кон поразвиена културна свест“, посочи Натали Велеска, архитект и основач на арфитектонското Archx студио во Скопје.

    За најатрактивни алтернативни простори за културни настани граѓаните преку онлајн анкета, која ја одговорија 40 лица, ги посочија: испосницата на „Св.Јоаким Осоговски“ во село Градец, Осоговскиот манастир, недовршената сала кај мотел „Македонија“, предворјето на Градската црква „Св. Димитриј“, коритото на Крива Река, запуштените фабрички хали и други неискористени објекти од затворен и отворен тип. Истовремено, беа разменети идеи за интервенции на постоечките јавни постори со нивно доуредување, заштита од уличниот сообраќај, од бучава и метеж, дожд, ветер и слично, како и концепти за уредување на нови алтернативни простори. Учесниците се согласни дека сегашните постори во себе мора да ја носат иновативноста и идниот развој на културата.

    Покрај јавната дебата, беше организирана и видео презентација, изложба на фотографии од потенцијалните локации за нови алтенативни места, како и концерт со „Игуана бенд“. Изготвена е и анализа за културната политика во Крива Паланка, програмите и поддршката на културните манифестации, како и за можностите на постоечките и потенцијални алтернативни простори.

    Околу 70 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека Крива Паланка нема доволно локации за културни настани и тоа најмногу за мултимедијални проекти, алтернативни, камерни и акустични настани, театарски претстави од алтернативен карактер и на отворена сцена, техно забави, постојан галериски изложбен простор, за литературни средби, модени танци, културно- едукативни работилници, за креативни индустрии, сликарски ателјеа, класична музика и друго.

    Акцијата е дел од проектот „Здружени за активно граѓанство“ што го реализира НВО Инфоцентар, со поддршка на Европската Унија.