×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Асфалтиран дел од патот кон Бајловце во должина од 900 метри, се крпат и ударните дупки

    20.02.2024 09:36 | Оливера Пешевска

    Близу 900 метри се асфалтирани на патот кон селотот Бајловце, поради големи оштетувања и бројни дупки кои го отежнувале сообраќајот.

    Асфалтиран дел од патот кон Бајловце во должина од 900 метри, се крпат и ударните дупки

    Општина Старо Нагоричане со сопствени средства го финализираше овој проект, а моментално е распишан тендер за уште 4 нови.

    За санација е останат мал дел, но тој ќе се спроведува со „крпење“ на дупките.

    „Со средства од буџетот на општината во висина од 2,5 милиони денари е направен патот кон селото Бајловце, кој не е обновен откако е направен. Има на уште неколку места дупки, но тие ќе се санираат со пополнување, ќе се „закрпи“ и тој дел. Ова го правиме во корист на граѓаните кои живеат таму, оние кои поседуваат викенд куќи или пак оние кои би сакале да прошетаат или да го посетат манастирот“, истакна Бобан Цветановски, заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане.

    Тендерските постапки за уште четири слични инвестиции се распишани, а по завршување на законската процедура ќе започнат следните акции од инфраструктурната и комунална програма, кои ќе ги спроведе Општина Старо Нагоричане.