Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Балканската звезда и љубител на сите генерации на бившите ЈУ простори Здравко Чолиќ е главниот гостин на 10-то јубилејно издание на музичкиот фестивал Џој фест (Joy fest) во Крива Паланка.
Тој ќе настапи на 28 август на Градскиот стадион, додека на 27 август гостува уште една голема регионална ѕвезда, Владо Георгиев.
Фестивалот трае два дена, е збогатена со настапите на Нокаут и Галоски (28 август), како и ДНК и Фикшн (27 август).
Сите настапи ќе се одвиваат на Градскито стадион во Крива Паланка, а влезот е слободен.
Музичкиот фестивал Џој фест, како и други бројни манифестации и свечености во Крива Паланка се организираат по повод големиот празник „Свети Јоаким Осоговски“, патрон и заштитник на градот.
Фетивалската програма започнува вечерва со Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој се организира од 23-25 август на Градскиот плоштад, со почеток во 19 часот. Традиционално, на фестивалот гостуваат фолклорни друштва од државата и од странство меѓу кои и од збратимените градови на Крива Паланка.
На 27 и 28 август е познатиот музички фестивал Џој фест на кој се очекуваат бројни гости од земјава и регионот, пред се од Бугарија и Србија, а на 29 август се организира Фестивал на храната во спортскиот комплекс.
Во рамките на црковните свечености , во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, на денот на Осогвскиот светец- 29 август, ќе се оджи Света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат Архиепискотот на МПЦ-ОА Г.Г.Стефан и патријархот на Српската православна црква Г.Г. Порфириј.
Традиционално, ноќта помеѓу 28 и 29 август во манастирскиот комплекс се слева река народ од илјадници гости од земјава и странство, кои оддаваат почит на Осоговскиот заштитник и на Пресвета Богородица, по повод нивните патрони празници, во истоимените цркви што се наоѓаат во комплексот.
Средствата за реализација на бројните настанииманифестации се обезбедени од буџетот на Општина Крива Паланка, Министерството за култура, бизнис секторот и други поддржувачи.
За време на празнувањето, општината воведува и посебен сообраќаен режим и обезбедува соодветни паркинг простори за бесплатно паркирање на бројните гости.